Во ерата на дигитализацијата, сајбер безбедноста стана клучна компонента за заштита на бизнис податоците и системите. Сајбер заканите, вклучувајќи phishing е-пораки, malwere, DDoS напади и ransomware напади, постојано еволуираат, загрозувајќи не само големи корпорации, туку и мали компании. За да се заштитат од овие закани, компаниите сè повеќе инвестираат во напредни решенија за сајбер безбедност.
Што е сајбер безбедноста и зошто е важна?
Сајбер безбедноста претставува збир на стратегии, технологии, процеси и практики дизајнирани за заштита на компјутерските системи, мрежи, уреди, програми и податоци од неовластен пристап, кражба, оштетување или нарушување. Нејзината основна цел е да обезбеди доверливост, интегритет и достапност на информациите во дигиталното опкружување.
Kористејќи напредни решенија за сајбер безбедност, компаниите можат не само да го намалат ризикот од закани, туку и да го подобрат довербата на своите клиенти.
Ако сакате да дознаете повеќе за тоа зошто ИТ безбедноста е важна во модерниот свет, прочитајте го нашиот член: Како IT безбедноста го штити вашиот бизнис во модерниот свет.
Аспекти на решенијата за сајбер безбедност
Сајбер безбедноста опфаќа различни аспекти на заштита, вклучувајќи:
- Мрежна безбедност – Обезбедување заштита на мрежите од сајбер напади, како што се malware (малциозен софтвер) и неовластени пристапи.
- Безбедност на податоци – Чување на чувствителни информации преку енкрипција и контрола на пристапот.
- Заштита на крајни уреди (Endpoint Protection) – Заштита на уреди како компјутери, телефони и сервери од закани.
- Обука на вработени – Едукација на корисниците за препознавање и избегнување на потенцијални сајбер закани, како што се phishing напади.
- Реакција на инциденти – Протоколи за откривање, управување и опоравување од сајбер напади.
Ефективната сајбер безбедност бара комбинација на технолошки решенија и човечки фактори за да се создаде сеопфатна заштита во свет со сè покомплексни сајбер закани.
Сајбер безбедноста е важна затоа што штити чувствителни податоци, системи и мрежи од сајбер закани, обезбедувајќи континуитет на работењето, доверливост на информациите и заштита од финансиски и репутациски загуби.
Сајбер безбедност и сајбер закани: предизвици и решенија за сајбер безбедност
Заканите по сајбер безбедноста се зголемуваат секојдневно и претставуваат сè поголема грижа за многу компании ширум светот.
Сајбер закани
- Ransomware напади
- DDoS напади
- Малициозен софтвер (Malware)
- Социјален инженеринг
- Кражба на податоци
- Phishing напади
Современи решенија за сајбер безбедност обезбедуваат алати и стратегии за успешна борба против овие закани
Решенија за сајбер безбедност – Првиот чекор е анализа на ИТ инфраструктурата
Секоја успешна стратегија за сајбер безбедност започнува со сеопфатна анализа на ИТ инфраструктурата. Оваа услуга овозможува идентификација на слабите точки во вашите системи пред потенцијалните напаѓачи да ги искористат.

Анализа на инфраструктурата вклучува неколку клучни чекори:
- Проценка на мрежните системи – Фокусира се на идентификација на слабости во мрежните протоколи, firewall-ите и конфигурациите на рутерите, кои можат да бидат потенцијални влезни точки за напади. На пример, неправилно конфигуриран firewall може да им овозможи на напаѓачите да ги заобиколат основните безбедносни механизми.
- Безбедносни аудити – Преглед на моменталните поставки на сите системи, вклучувајќи cloud околини и сервери. Безбедносниот аудит помага во откривање на ранливости во неажурираните софтвери или во корисничките пристапи кои не се соодветно заштитени.
- Препораки за подобрување – Врз основа на анализата, експертите за сајбер безбедност креираат приспособени стратегии за подобрување на безбедноста. Овие стратегии вклучуваат технолошки решенија, безбедносни политики и обука на вработените.
Совети за унапредување на инфраструктурата:
- Редовно ажурирање на мрежната опрема и софтверот – Застарените системи често содржат познати ранливости кои напаѓачите лесно можат да ги искористат.
- Имплементација на VPN решенија – VPN (Virtual Private Network) обезбедува шифрирана комуникација помеѓу уредите и мрежата, заштитувајќи ги податоците дури и кога се користат несигурни мрежи, како што се јавните Wi-Fi мрежи.
Дали знаевте? Според истражувањата, на секои 39 секунди се случува еден хакерски напад, а 43% од тие напади се насочени кон мали бизниси. |
![]() |
Phishing е-пошта: најчестата форма на сајбер закани
Phishing е-поштите претставуваат најчестиот начин на кој сајбер-криминалците доаѓаат до доверливи податоци.
Phishing нападите нема да престанат, но важно е да знаеме како да се заштитиме. Еден од најефикасните начини за справување со phishing нападите е:
- Обуката на вработените – Едукација за препознавање на знаците на phishing напади и развивање вештини за правилно реагирање.
- Phishing тестови – Симулирани напади кои им помагаат на компаниите да ја проценат свесноста на своите вработени и да ги подобрат нивните способности.
Доколку оваа тема ве интересира, можете да прочитате повеќе во нашиот текст: Што е фишинг и како да препознаете лажни пораки?
Сајбер безбедност: Разбирање на малвер, DDoS и ransomware напади
Што е малвер?
Малвер (малициозен софтвер) е злонамерна програма дизајнирана да оштети, оневозможи или преземе контрола врз компјутерски систем. Малверот може да биде во форма на вируси, тројански коњи, spyware или adware, а напаѓачите го користат за кражба на податоци, нарушување на операции или следење на активностите на корисникот.
Што е ransomware?
Во 2022 година, одекна ransomware напад врз сметководствената компанија Optionis Group. Нападнати беа три нивни подизведувачи кои работеа на IT инфраструктурата. Хакерите добија пристап до 400.000 датотеки и ги објавија на интернет.

Ransomware (уцeнувачки софтвер) е малициозен софтвер кој ги шифрира датотеките или блокира пристапот до компјутерот сè додека не се плати откупнина за нивно отклучување. Ако компјутерот е поврзан на мрежа, ransomware-от може да се прошири и на други уреди.
Што е DDoS напад?
DDoS (Distributed Denial of Service) напад е техника со која напаѓачите го преоптоваруваат серверот или мрежните ресурси со огромен број барања од компромитирани уреди. Целта на овие напади е да предизвикаат прекин на работата на системот и да оневозможат пристап за легитимните корисници.
Како да се заштитите?
За заштита од сајбер напади, клучен е сеопфатен пристап кој вклучува вишеслојни безбедносни мерки, како што се:
- Користење силни, единствени лозинки – За секој налог треба да користите единствени лозинки, а менаџерот на лозинки може да ви помогне да ги чувате безбедно.
- Редовно ажурирање на софтверот – Ажурирањата на софтверот често содржат исправки за безбедносни ранливости, па е важно редовно да инсталирате најнови верзии.
- Користење антивирусен софтвер и заштитен ѕид – Антивирусните програми и firewall можат да спречат внесување на злонамерен софтвер во компјутерот.
- Треба внимателност при отворање на е-пошта и кликнување на линкови од непознати праќачи– Треба да бидете внимателни при отворањето на е-пошта и кликнувањето на линкови од непознати праќачи, бидејќи тоа се чести методи на phishing напади.
- Правење резервни копии на податоците – Редовното правење резервни копии го намалува ризикот од губење на податоци во случај на напад.
- Дво-факторска автентикација – Активирањето на дво-факторска автентикација за вашите налози додава дополнителен слој заштита, бидејќи бара потврда на идентитетот преку две различни методи.
- Следење на најновите сајбер закани и обуки за сајбер безбедност – Важно е да бидете во тек со најновите закани и да учествувате во обуки за сајбер безбедност, бидејќи тоа може да помогне при рано откривање и брзо реагирање на потенцијални напади.
Едукација на вработените: клучен елемент на сајбер безбедноста

Најважниот елемент на секој сајбер напад и секоја одбрана од него се луѓето. Тие најчесто се најслаба карика во ланецот на сајбер безбедност. Затоа едукацијата на вработените е важна. Таа вклучува:
- Препознавање на сајбер закани: научете ги вработените како да препознаат phishing напади, сомнителни прилози и необични барања.
- Безбедно ракување со податоци: правила за чување на лозинки, користење на приватни уреди и споделување на информации.
Совети:
- Организирајте редовни работилници или онлајн обуки.
- Користете практични примери за обука, како што се симулирани напади.
Ако сакате да го унапредите знаењето на вашите вработени и да го заштитите вашето бизнис, секогаш можете да не контактирате.
24/7 мониторинг на системите: Проактивна заштита
Сајбер нападите не можат да се предвидат. Она што можете да го направите е да бидете подготвени за напад пред да се случи. 24/7 мониторинг на системите е токму тоа. Проактивна заштита која ви овозможува да бидете мирни и безбедни.
Мониторингот на системите е процес на континуирано следење на компјутерската инфраструктура, мрежи и апликации за да се откријат и неутрализираат заканите на време. Овој процес вклучува користење на специјализирани алатки за собирање и анализа на податоци во реално време, што овозможува брзо реагирање на потенцијални инциденти.
Мониторингот функционира на следниов начин:
- Следење на активности: Системите ги бележат сите сомнителни активности, како што се неовластени пристапи, необично голем проток на податоци или обиди за менување на осетливи датотеки.
- Автоматски известувања: Кога ќе се открие сомнителна активност, системот автоматски го известува тимот за сајбер безбедност, овозможувајќи брзо преземање на мерки.
- Анализа на логови: Податоците од логовите се детално анализираат за да се идентификуваат потенцијални закани кои не се веднаш видливи.
Нашиот тим нуди услуга за сеопфатен мониторинг на системи, користејќи најсовремени технологии за откривање и превенција на сајбер закани. Контактирајте не за да ви помогнеме да обезбедите континуирана заштита на вашето бизнис.
Зошто да инвестирате во сајбер безбедност?
Сајбер безбедноста не е луксуз, туку неопходност во современиот бизнис. Со услуги како што се тестови за фишинг за вработените, анализа на инфраструктурата, мониторинг и обука на вработените, можете да го намалите ризикот од сајбер закани и да обезбедите долгорочна заштита на податоците.
Како нашите услуги можат да помогнат?
Во Унија Сибит ИТ се посветуваме на примена на најнапредни технологии за заштита на вашиот бизнис. Нашата мисија е да ја подобриме безбедноста преку иновативни решенија, прилагодени на специфичните потреби на секој клиент. Со континуирано истражување и развој, се трудиме да обезбедиме не само заштита од тековни закани, туку и темел за сигурна иднина во дигиталното опкружување.

Како нашите услуги можат да ви помогнат? Нудиме:
- Советување за подобрување на ИТ безбедноста во вашата компанија
- Преглед и анализа на целиот систем во согласност со добрите практики
- Намалување на ризиците и трошоците
- 24/7 мониторинг
- Обуки за информатичка безбедност и сајбер напади
- Спроведување на фишинг тестови за вработените