Испратете ни барање
Вработен на службено патување
18. август, 2026

Надомест на дневници за службени патувања во Северна Македонија

Во Република Северна Македонија платата и надоместоците на плата се уредени со Закон за работните односи и Општ колективен договор за стопанството. Имено со член 113 од Законот за работни односи се утврдени надоместоците за трошоци поврзани со работата кои му следуваат на вработениот и тоа за:

  • службено патување,
  • теренски додаток,
  • користење на приватен автомобил за службени патувања,
  • одвоен живот од семејството,
  • смрт на работникот или член на неговото семејство,
  • отпремнина при одење во пензија како и јубилејни награди.

Согласно Општиот колективен договор на стопанството, во член 35 освен горенаведените се наведени и надоместоци за:

  1. Трошоците при селидба за потребите на работодавачот,
  2. Регрес за годишен одмор.

Предвидено е дека на работникот може да му се исплатат и други надоместоци согласно колективен договор на ниво на гранка односно оддел, односно на ниво на работодавач; сепак, во овој текст се осврнуваме на надоместот на трошоците за службени патувања во земјата и странство.

Трошоци за службени патувања

Имено за направените трошоци за службеното патување во земјата, Законот и Општиот колективен договор предвидува исплаќање на дневница и надомест на направените трошоци за превоз и сместување.

Евидентирање на трошоците за службено патување

Износот на дневницата за трговските друштва за службен пат во земјата со Општиот колективен договор за стопанството е утврден на 8% од просечната месечна нето плата по работник исплатена во последните три месеци.

Што се однесува до службените патувања во странство пак постои Уредба за издатоци и селидби во странство со која е одреден износот на дневницата за секоја земја во која се упатува вработениот на службено патување.

Освен дневницата, како што напоменавме погоре, се предвидува надомест за превоз и сместување на службен пат, и од покривањето на овие трошоци зависи и износот на дневницата која му следува на вработениот.

Имено, доколку за службеното патување, вработениот поднесе сметка за сместување, или пак трошоците на сместување не паѓаат на товар на органот на управата се исплаќа 50% од утврдената дневница.

Доколку издатоците за исхрана и сместувањето не паѓаат на товар на органот на управата се исплаќа износ од 20% од утврдената дневница.

5% од утврдената дневница се исплаќа ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на државната управа, а престојот е над 30 дена. Под стручно усовршување се подразбира посета на семинари, курсеви, симпозиуми и други видови средби организирани во странство на мултилатерална и билатерална основа.

Потребни документи за службено патување

За да се докаже службеното патување потребно е во прилог на налогот за службено патување да се приложат и документи поврзани со службеното патување.

Документи за службено патување

Налогот треба да ги содржи следните податоци:

  • име и презиме на лицето кое се упатува на службен пат,
  • работна позиција на која лицето е распоредено,
  • цел на патувањето;
  • држава и местото кон кое ќе се патува;
  • дата на поаѓање и враќање;
  • видот на превозот што ќе се користи;
  • аванс кој е подигнат за целите на патувањето (доколку има);
  • декларативно наброени и со сметки поткрепени издатоци направени за целите на службеното патување;
  • опис на активностите во насока на исполнување на целта на патувањето.

Секое лице кое е упатено на службено патување изготвува патен налог.

Износот и исплатата на дневниците за службено патување во Македонија се регулирани со посебен пропис во зависност од дестинацијата на патувањето и вклучените трошоци. Исто така, уредното управување со патните налози е клучно за точна пресметка на трошоците за службено патување, дневниците и надоместоците за вработените. Доколку сакате да бидете сигурни дека вашите патни налози, дневници и надоместоци на трошоци се правилно евидентирани и пресметани, контактирајте не.

Најчесто поставувани прашања

1. Кои трошоци му се надоместуваат на вработениот за службено патување во земјата?

На вработениот му следува дневница, како и надомест на оправданите трошоци за превоз и сместување.

2. Колкав е износот на дневницата за службено патување во земјата?

За трговските друштва, дневницата изнесува 8% од просечната месечна нето-плата по работник исплатена во последните три месеци, согласно Општиот колективен договор за стопанството.

3. Како се утврдува дневницата за службено патување во странство?

Износот на дневницата за странство се определува согласно Уредбата за издатоци и селидби во странство, според државата во која работникот е упатен.

4. Кои документи се потребни за исплата на трошоците за службено патување?

Потребен е налог за службено патување, заедно со соодветните документи и сметки со кои се докажуваат направените трошоци за превоз, сместување и други оправдани издатоци.

5. Дали висината на дневницата во странство зависи од тоа кои трошоци ги покрива работодавачот?

Да. Во зависност од тоа дали работодавачот ги покрива трошоците за сместување, исхрана или други издатоци, дневницата може да се исплаќа во намален процент од утврдениот износ.

6. Дали дневницата за службено патување подлежи на данок на личен доход?

Не, дневницата не се оданочува до најнискиот износ утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор. Износот над пропишаниот лимит претставува оданочлив доход од работа.

7. Дали надоместот за превоз и сместување при службено патување се оданочува?

Не, доколку станува збор за оправдани трошоци поврзани со службеното патување и се обезбедени соодветни документи. Особено е важно трошоците да бидат поткрепени со веродостојна документација.

8. Што ако работодавачот исплати повисока дневница од оданочивиот износ?

Делот што е исплатен над износот утврден како неоданочлив согласно даночните прописи се смета за доход од работа и подлежи на данок на личен доход од 10%.

9.Како се постапува со данокот кога надоместокот е над дозволениот износ?

Делот над законскиот неоданочлив износ се вклучува во оданочивиот доход на вработениот и за него се пресметува и плаќа данок на личен доход. За ваквите исплати исплатувачот ја врши соодветната електронска пресметка преку е-ППД.

10. Дали уредниот патен налог е важен и од даночен аспект?

Да. Патниот налог и документацијата за направените трошоци се важни за докажување дека исплатата навистина се однесува на службено патување. Недостатокот на соодветна документација може да создаде даночен ризик при контрола.

За авторот

Milan Aleksovski

Милан Алексовски е Head Tax Consultant во Unija ETL Consulting Македонија и експерт за директно и индиректно оданочување. Седум години работел како инспектор за големи даночни обврзници во Управата за јавни приходи, на предмети поврзани со ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и игри на среќа.
Како консултант, на клиенти од различни индустрии им обезбедува практични и стратешки решенија. Милан обезбедува поддршка при даночни контроли, судски постапки и законска усогласеност, врши due diligence анализи и советува во областа на меѓународното оданочување и трансферните цени.Како консултант, тој им обезбедува на клиентите од различни индустрии практични и стратешки решенија. Милан нуди поддршка при даночни контроли, постапки пред надлежни органи и прашања поврзани со даночна усогласеност, спроведува due diligence анализи и советува во областа на меѓународното оданочување и трансферните цени.