Извештај за одржливост
Во Унија ЕТЛ Групацијата пристапивме кон подготовка на изјава за одржливост за 2024 година, изработена во согласност со Директивата 2022/2464/ЕУ за корпоративно известување за одржливост (CSRD) и европските стандарди за известување за одржливост (ESRS).
Иако компаниите во рамки на Унија ЕТЛ Групацијата во моментов немаат обврска да изготват извештај за одржливост за 2024 година, одлучивме доброволно да пристапиме кон овој процес.
На овој начин сакаме дополнително да ја потврдиме нашата посветеност кон принципите на одржлив развој и општествена одговорност, кои веќе долги години претставуваат важен дел од нашето работење и корпоративна култура.
Одржливоста за нас не е само регулаторна рамка, туку и долгорочна определба да работиме одговорно кон вработените, клиентите, заедницата и животната средина.
