Испратете ни барање
27. декември, 2024

Исплата на регрес за годишен одмор за 2024 година

Исплатата на регресот за годишен одмор за 2024 година треба да биде поврзана со користењето на одморот и да се исплати најдоцна до крајот на календарската година 31.12.2024. Овој текст ги објаснува условите за стекнување право на регрес, висината и рокот за исплата.

1. Услови за стекнување право на регрес

  • Работникот мора да работи најмалку шест месеци кај истиот работодавач.
  • За разлика од правото на годишен одмор, за регрес не е потребно работењето да биде непрекинато.

2.  Висина на регресот за годишен одмор за приватниот сектор (ОКДС):

  • Регресот за годишен одмор може да биде најмалку 40% од основицата, што претставува просечната месечна нето плата по работник во РСМ исплатена во последните три месеци.
  • На пример, за периодот од 20.12.2024 до ……..), минималниот износ на регрес ќе биде 16.641 денари.

·  Висина на регресот за годишен одмор за јавниот сектор (ОКДЈС):

  • За јавниот сектор, регресот е најмалку 30% од основицата.
  • Просечната месечна нето плата по работник за 2024 година изнесува 36.614 денари, така што минималниот износ на регрес за јавниот сектор изнесува 10.984 денари.

·  Износ на регресот во колективни договори:

  • Во некои колективни договори, регресот може да биде повисок од минималните износи пропишани со ОКДС или ОКДЈС.
    • На пример, во хемиската индустрија, колективниот договор може да утврди регрес што не е помал од најниската плата утврдена со овој договор, а исплатата треба да се изврши најдоцна до 30.06. наредната година.
    • Во текстилната индустрија, во член 49 предвидена е исплата на регрес за годишен одмор во висина не помала од најниската плата утврдена со овој колективен договор, најдоцна со 30.06. наредната година. Доколку кај работодавачот настанати потешкотии (загуби  и  елементарни  непогоди), предвидено е да не се исплаќа регрес за  годишен  одмор,  а  во  случај  наекономски  потешкотии,  за  исплата  на  регрес  потребна  е  спогодба     меѓу работодавачот и синдикатот.

3. Рок за исплата на регрес

  • Регресот треба да се исплати најдоцна до 31.12. на тековната година, но тоа зависи од колективниот договор на работодавачот.

4. Актуелни прашања

  • Работници на породилно отсуство кои работеле најмалку шест месеци имаат право на регрес.
  • Работници кои остваруваат право на пензија имаат право на регрес ако работеле најмалку шест месеци кај ист работодавач во календарската година.

5. Даночен третман

  • Регресот се оданочува како доход од работа со данок од 10% на бруто износот, (11,1111% на нето износот на регрес.)

    Износи за исплата може да се видат на линкот во прилог од официјалната страна на УЈП (линк)

За повеќе информации и консултации или пресметки и помош при исплата контактирајте ги нашите стручни лица https://unija.com/mk/contact/

Или на нашиот телефонски број и мејл адреса
+389 2 2450 199

info.sk@unija.com

O autoru

Amel Selimović

Како виш WP развивач, тој гради стабилни дигитални екосистеми секој ден, но ја црпи својата вистинска енергија од природните. Без разлика дали оптимизира бази на податоци или планира нова планинарска рута, тој се води од истите принципи: визија, упорност и љубов кон креативното создавање.