ESG денес е клучен за успешно работење, бидејќи им овозможува на компаниите да ги намалат ризиците, ја зголемат профитабилноста и да изградат силна репутација. Со имплементација на ESG стратегија, компаниите не само што придонесуваат за одржливост, туку и долгорочно ја зајакнуваат својата конкурентност.
Како вашата компанија може да стане лидер во ESG и да постави стандарди во својата индустрија?
Започнете со анализа на тековната состојба, поставете SMART цели (специфични, мерливи, остварливи, релевантни и временски ограничени), како на пример намалување на емисиите на CO2 за 20% до 2025 година. Поврзете ја ESG стратегијата со вашата основна бизнис стратегија и активно соработувајте со сите заинтересирани страни, вклучувајќи ги вработените и заедниците. Редовно следете го напредокот користејќи признати методологии, како што е GRI, и објавувајте транспарентни извештаи.
Клучни компоненти на ESG за компаниите
ESG е нова форма на нефинансиско известување за работењето.
- E – Животна средина (Environment)
- S – Општествена одговорност (Social)
- G – Управување (Governance)
Компонентите на ESG стратегијата – животна средина, општествена одговорност и управување – претставуваат темел за градење на одржлив бизнис. Нивната имплементација не е само обврска, туку и можност за компаниите да ги подобрат своите операции, да привлечат инвеститори и да придонесат за позитивно влијание врз светот. Подолу се разработени секоја од овие компоненти со фокус на деловните придобивки и практични примери.
Компонентите на ESG се меѓусебно поврзани и функционираат како целина која овозможува сеопфатен пристап кон одржливо работење. На пример, поефикасното управување со отпадот (E) не носи само придобивки за животната средина, туку ги подобрува и работните услови за вработените (S), кои работат во побезбедна и поздрава околина. Истовремено, таквата практика рефлектира добро управување (G), бидејќи покажува одговорност на раководството во имплементацијата на одржливи практики. Претпријатијата кои целосно пристапуваат кон ESG полесно создаваат синергија помеѓу индивидуалните области, што ја зголемува нивната конкурентска предност, но и позитивното влијание врз општеството и животната средина.
Животна средина (Environment)
Овој аспект вклучува севкупна анализа на влијанието на компанијата врз животната средина. Тоа вклучува различни фактори, како што се емисиите на стакленички гасови, користење опасни хемикалии во производството, еколошкото влијание на добавувачите, отпорност на климатските промени, управување со водни ресурси, управување со отпад и сл.
Пример: Технолошки компании како Google преминуваат на 100% обновливи извори на енергија за своите дата центри.
Општествена одговорност (Social)
Општествениот аспект се однесува на влијанието на компанијата врз општеството, како внатре во организацијата, така и во поширокиот општествен контекст. Овој аспект ги истражува начините на кои компанијата придонесува за општествената благосостојба, води грижа за своите вработени, промовира разноликост, обезбедува отворени канали за комуникација, поддржува образование и се грижи за здравствената и социјалната заштита на вработените.
Пример: Компанијата Unilever има програми за физичко и ментално здравје на своите вработени, што резултираше со намалување на боледувањата и зголемување на продуктивноста.
Управување (Governance)
Управувачкиот аспект се однесува на начинот на кој менаџментот и лидерството промовираат позитивни промени во компанијата. Ова вклучува различни фактори како што се распонот на плати во организацијата, усогласеност со законите, фискална одговорност, разноликост и независност на раководството, односи со акционери и инвеститори.
Пример: Компанијата Danone има строги политики за судир на интереси и механизми за следење неправилности, што обезбедува етичко работење и одржливост.
Предности од имплементација на ESG стратегија за компаниите
Имплементацијата на ESG стратегијата носи бројни предности за компаниите:
- Одржливо работење: Фокусот на животната средина, луѓето и законитоста на работата обезбедува долгорочна стабилност.
- Привлекување и задржување на најдобрите кадри: ESG иницијативите привлекуваат таленти кои ги вреднуваат одговорните деловни практики.
- Подобрен пристап до капитал: Полесен пристап до фондови и „зелени кредити“ за финансирање на одржливи проекти.
- Заштита на деловните партнери: Компаниите ги исполнуваат барањата на клиентите кои сè повеќе бараат одржливи практики.
- Исполнување на очекувањата на потрошувачите: Потрошувачите ги преферираат брендовите кои посветуваат внимание на општествените и еколошките аспекти.
- Зголемување на репутацијата: ESG помага во градење доверба кај клиентите, инвеститорите и вработените.
- Поттикнување на иновации: Компании како Unilever и Patagonia го користат ESG за да создадат конкурентска предност.
Јасна и прецизна ESG стратегија носи овие придобивки. Овие предности се рефлектираат во финансиските резултати, репутацијата и оперативната ефикасност, додека обезбедуваат долгорочна усогласеност со законските и регулаторните рамки. Преку одржливи практики, претпријатијата можат да ја зголемат својата конкурентност, да привлечат инвеститори кои ја ценат одговорноста и да изградат доверба кај сите заинтересирани страни.
Чекори за имплементација на ESG стратегија
Имплементацијата на ESG стратегијата бара навремена подготовка. Препорачливо е да се започне најмалку шест месеци однапред за да се обезбеди успешна транзиција.
- Проценка на тековната состојба: Анализирајте го влијанието на работењето врз животната средина и општеството, и споредете го со лидерите во индустријата (benchmarking).
- Поставување SMART ESG цели: Пример – намалување на емисиите на CO2 за 20% до 2025 година или зголемување на застапеноста на жените на раководни позиции на 40%.
- Вклучување на заинтересираните страни: Вработените, добавувачите и локалната заедница се клучни за успешна имплементација.
- Имплементација на конкретни мерки: Воведете зелени технологии, обучете ги вработените и позиционирајте се како „зелена компанија“.
- Следење на ефективноста: Користете специјализирани алатки и редовно објавувајте ESG извештаи според стандарди како GRI за да обезбедите транспарентност.
Компаниите кои ја следат оваа стратегија добиваат поволни услови за кредити и субвенции, со што ESG станува не само етичка, туку и финансиски исплатлива стратегија.
Најчести грешки во ESG известувањето и како да се избегнат
ESG известувањето станува се позначајно, но компаниите често се соочуваат со предизвици и грешки во овој процес. Ова се најчестите грешки во ESG известувањето и начини како да се избегнат:
- Нејасни или нецелосни критериуми
Грешка: Компаниите не користат јасни и стандардизирани критериуми за мерење и известување, што ја отежнува анализата.
Решение: Користете признати стандарди како GRI (Global Reporting Initiative), SASB (Sustainability Accounting Standards Board) ili TCFD (Task Force on Climate-related Financial Disclosures).
- Недостаток на транспарентност
Грешка: Непотполни или манипулативни извештаи кои ги прикажуваат само позитивните аспекти.
Решение: Бидете транспарентни за сите ESG фактори, вклучувајќи ги и предизвиците и можностите за подобрување.
- Непотполни или неточни податоци
Грешка: Користењето на неточни или непотполни податоци може да доведе до погрешни заклучоци и нарушување на угледот.
Решение: Воведете сигурни системи за собирање и проверка на податоците за да се обезбеди точност и целосност на информациите. Редовно ажурирајте и проверувајте ги изворите на податоци.
- Неповрзаност на ESG факторите со деловната стратегија
Грешка: Известување за ESG фактори без да бидат поврзани со долгорочната деловна стратегија на компанијата може да ја намали нивната релевантност.
Решение: Интегрирајте ги ESG факторите во целокупната деловна стратегија и јасно покажете како тие придонесуваат за постигнување на деловните цели.
- Прекомплицирани извештаи
Грешка: Предолги и прекомплицирани извештаи можат да ги одвратат читателите и да ја намалат нивната корисност.
Решение: Извештаите треба да бидат концизни и структуирани. Користете едноставен јазик, графички прикази и резимеа за полесно разбирање.
- Игнорирање на клучните чинители
Грешка: Непознавање или недоволно вклучување на клучните чинители може да доведе до непотполно известување и недостаток на доверба.
Решение: Вклучете ги сите релевантни чинители во процесот на ESG известување. Соберете нивни повратни информации и земете ги предвид при изработката на извештаите.
- Неконзистентност
Грешка: Известувањето што се менува од година во година по форма и содржина ја отежнува споредбата и следењето на напредокот.
Решение: Користете конзистентни методи и формати на известување за да овозможите споредба низ времето.
- Непочитување на регулаторните барања
Грешка: Непочитување на локалните и меѓународните регулаторни барања може да доведе до казни и негативни последици.
Решение: Бидете информирани за сите релевантни регулаторни барања поврзани со ESG известувањето и обезбедете усогласеност со нив.
- Недостаток на внатрешна експертиза
Грешка: Недостаток на стручен кадар кој ги разбира ESG факторите и известувањето може да доведе до слаб квалитет на извештаите.
Решение: Инвестирајте во обука на вработените и, кога е потребно, ангажирајте надворешни експерти за помош во подготовката на ESG извештаи.
- Недоволно фокусирање на долгорочните влијанија
Грешка: Фокусирање исклучиво на краткорочните резултати, додека се занемаруваат долгорочните цели и влијанија на ESG факторите.
Решение: Известувајте за краткорочните и долгорочните цели и резултати, и јасно покажете напредок кон одржливите цели.
Избегнувањето на овие вообичаени грешки може значително да го подобри квалитетот на ESG известувањето и да придонесе за подобро разбирање и вреднување на одржливите напори на компанијата.
Заклучок
Дали знаевте? Унија со гордост може да се пофали со статусот на пионер во ESG иницијативите.
ESG не е само тренд, туку клучна стратегија за одржливо и успешно работење во иднината. Со прифаќањето на ESG принципите, компаниите не само што ја зајакнуваат својата репутација и позиција на пазарот, туку и активно придонесуваат за решавање на глобалните еколошки и социјални предизвици. Со поддршка од нашиот стручен тим, ESG станува алатка за создавање конкурентска предност и долгорочна деловна стабилност.
Затоа, не чекајте – посетете ја нашата ESG страница и дознајте како можеме да ви помогнеме! Нашиот тим на експерти е тука за да ви даде поддршка на секој чекор.
Потребен ви е совет? Контактирајте ги на адресата info.sk@unija.com или контактирајте нè овде.