Аутсорсингот на пресметка на плати и ангажирањето надворешни соработници е клучен за секое стопанско друштво кое се стреми да ги унапреди своите деловни процеси и сака да биде во чекор со постојаните законски измени што се случуваат во текот на годината. Со ангажирање на надворешни соработници за пресметка на плати и управување со податоци, компаниите можат да ги насочат своите ресурси кон деловен раст.
Овој пристап нуди бројни предности – од намалување на трошоци до обезбедување постојана усогласеност со прописите – што го прави мудар избор за компании од сите големини. Затоа, ако сè уште самостојно управувате со пресметката на плати, разгледајте ги придобивките од аутсорсингот и примерите за тоа како може да ја подобри вашата деловна ефикасност.
Предностите вклучуваат:
- Намалување на трошоци,
- Поголема точност,
- Усогласеност со законодавството,
- Пристап до глобална стручност,
- Користење на најсовремени софтверски решенија,
- Зголемена безбедност и приватност на податоци,
- Максимална временска ефикасност,
- Фокусирање на основните деловни активности,
- Поедноставување на процесите на управување со човечки ресурси, итн.
За детални објаснувања прочитајте го целиот текст. Откријте што е аутсорсинг на пресметка на плати, како функционира, кои се неговите предности, совети за избор на најдобар давател на услуги и колку чини пресметка на плати преку надворешна компанија.
Што е аутсорсинг на пресметка на плати?
Аутсорсинг на пресметка на плати претставува услуга што ја нудат надворешни даватели. Таа вклучува делегирање на деловни процеси од матичната компанија на надворешна организација, опфаќајќи не само пресметка на плати, даноци и други придонеси, туку и севкупно сметководство, правно и деловно советување.
Со екстернализација, наместо да ги трошите интерните ресурси на овие задачи, можете да се потпрете на специјализирани експерти, што ви овозможува да се фокусирате на клучните активности и да уживате во висококвалитетно работење.
Дали знаевте? Сметководствениот сервис Unija ETL нуди интегрирани услуги што ги обезбедува тим на експерти со глобална стручност. Нашите услуги се осмислени за да ги задоволат уникатните потреби на клиентите, било да барате само пресметка на плати или целосно решение. Што ја издвојува пресметката на плати во Unija ETL од конкуренцијата, дознајте овде.

Како функционира аутсорсингот на пресметка на плати?
Во современото деловно опкружување, каде што организациите се соочуваат со чести и сè пообемни регулаторни промени, аутсорсингот на пресметка на плати претставува оптимален избор за големи компании. Желбата ни е подетално да ви објасниме како функционира аутсорсингот.
Прво и основно – важно е да се избере вистинскиот давател на услуги. Исто така, клучно е да се воспостави отворена комуникација со него, за да се избегнат потенцијални недоразбирања кои би можеле негативно да влијаат на работењето.
Особено внимание треба да се посвети при споделување на чувствителни податоци, како што се:
- лични податоци на вработените
- договори
- промени на плати
- сите видови отсуства
- бенефиции
- даночен третман
Овие податоци се користат за пресметка, оданочување, подготовка на извештаи и обезбедување усогласеност со законодавството.
Кликнете овде и погледнете што сè опфаќаат услугите за пресметка на плати.
Комуникацијата обично се одвива помеѓу сметководствениот сервис (лице задолжено за клиентот) и одговорното лице кај клиентот, според однапред договорени процедури и рокови.
Сите активности треба да се изведуваат преку сигурен софтвер и во согласност со строги мерки за заштита.
Важни податоци
Истражувањата покажуваат дека 83% од компаниите кои го екстернализирале процесот на пресметка на плати бележат повисоко задоволство. Овој податок особено е корисен за сложени системи со голем број вработени кои не се сигурни дали треба да ја препуштат пресметката на плати на надворешни експерти. На овој начин, директорите и главните сметководители можат да се фокусираат на финансиско планирање и клучни деловни цели, обезбедувајќи при тоа точна и навремена исплата на плати, како и навремено подмирување на обврските кон државата.
Предности на аутсорсингот на пресметка на плати
Во продолжение ви ги претставуваме осумте причини зошто би требало да ја доверите пресметката на плати на надворешна компанија во 2025 година:
Намалување на трошоци
Овој пристап значително ги намалува трошоците на работењето, елиминирајќи ја потребата за софтвер и обуки за лицата задолжени за пресметка. Инвестирајте во аутсорсинг на пресметка на плати и збогувајте се со трошоците поврзани со надградби на софтвер и стручно оспособување на кадарот.

Подобрена точност
Аутсорсингот на пресметка на плати обезбедува точност со минимизирање на ризикот од грешки при книжење и доцнење во поднесување на даночни пријави. Со други зборови, надворешните соработници се фокусирани на законските измени и прецизноста на самата пресметка. Нашата единствена цел е да обезбедиме точна и навремена исплата на плати за вашите вработени.
Усогласеност со законите
Како што веќе спомнавме, снаоѓањето во сложени даночни и трудовоправни прописи може да биде предизвик, но за сметководствениот сервис Unija ETL, усогласеноста никогаш не била проблем. Имаме посветен тим кој постојано ги следи законите на локално, државно и меѓународно ниво и тесно соработува со нашите сметководители за да обезбеди ажурна и законски усогласена пресметка на плати. Дополнително, нудиме и деловно советување за да ви помогнеме да носите информирани одлуки.
Повеќе информации побарајте на следниот линк: 👉 Деловно советување
Глобална експертиза
Нудиме глобална експертиза преку партнерство со ETL Global. Нашите експерти имаат богато искуство со клиенти од различни земји, овозможувајќи ни да го комбинираме глобалниот досег со локалното знаење и да понудиме доверливи, уникатни решенија прилагодени на вашите потреби.
IТ решенија
Користиме најсовремени ИТ решенија за оптимизирање на деловната ефикасност и обезбедување на сигурност. Нашите техники за енкрипција ги штитат чувствителните информации и гарантираат безбедна размена на податоци, минимизирајќи ги притоа грешките. Нашиот ИТ-пристап овозможува непречено функционирање благодарение на брзо решавање проблеми, а нудиме и извештаи од нова генерација – Power BI.
Најважно: Свесни сме за значењето на IТ-безбедноста и вложуваме значителни напори – вашите податоци се безбедни со нас!
Временска ефикасност
Аутсорсингот на пресметка на плати ослободува време за други стратешки активности. Не мора да се грижите за комуникација со надлежни институции – нашиот тим го прави тоа наместо вас.
Поедноставени HR процеси
Аутсорсингот на пресметка на плати го поедноставува човечките ресурси преку намалување на административниот товар. Од точни и транспарентни пресметки до исправни даночни пријави и регулаторна усогласеност – го унапредуваме интегрирањето на HR системот. Ова не само што позитивно влијае на работењето, туку и го подобрува задоволството на вработените. Создадете позитивно работно опкружување, препуштете ни ја кадровската евиденција и обезбедете си повеќе време за фокус на вработените и компанијата.

Севкупно сметководство
Конечно, Unija ETL ви нуди и севкупно сметководство. Откријте како нашето книговодство и финансиско известување може да го поддржи вашето работење уште денес!
Клучни фактори што треба да се земат предвид при избор на давател на услуги
Изборот на вистински давател на услуги може значително да влијае на вашата досегашна деловна пракса. Еве неколку клучни критериуми што треба да ги исполнува:
- експертиза
- усогласеност
- скалабилност и флексибилност
- напредни технологии
- иновативна аналитика
- поддршка 24/7
- севкупни услуги
- докажана репутација, итн.
Повеќе за доверувањето на пресметката на плати на надворешна компанија можете да прочитате на страницата: Пресметка на плати: Сè што треба да знаете за работење без стрес
Колку чини аутсорсинг услугата на пресметка на плати?
Формирањето на цената за оваа услуга зависи од повеќе фактори – од големината на компанијата и бројот на вработени, до комплексноста на извештаите што ви се потребни.
Заклучок
Можеме да заклучиме дека аутсорсингот на пресметка на плати е стратешки потег што го поттикнува деловниот успех, овозможувајќи им на директорите да се фокусираат на клучните деловни цели. Намалување на трошоци, подобрена точност, усогласеност со закони и пристап до глобална експертиза се само дел од придобивките. Дополнително, нагласуваме дека изборот на надворешен партнер може да има големо влијание врз вашето работење. Контактирајте нè на: info.sk@unija.com


