21. јануари, 2025

Пресметка на плати: Сè што треба да знаете за бизнис без стрес

Пресметката на плати е клучен дел од функционирањето на секоја успешна компанија. Квалитетна пресметка на плати не само што обезбедува точна исплата на платите на вработените, туку и усогласеност со законодавството, намалувајќи го ризикот од грешки и потенцијални казни. Во овој текст дознајте како:

  • да го оптимизирате процесот на пресметкана плати,
  • како да избегнете чести грешки
  • и кои се придобивките од аутсорсинг на овој процес.

Повеќе за тоа како функционира пресметката на плати во пракса може да прочитате на страницата Експерти за пресметка на плати.

Пресметка на плати – што подразбира овој процес?

Процесот на пресметка на плати вклучува неколку клучни чекори:

  • собирање на податоци за вработените,
  • пресметка на бруто и нето плата, како и додатоци на платата,
  • плаќање на даноци и придонеси,
  • известување до соодветните државни органи.

За да го направите ова без грешка, потребно е познавање на актуелното законодавство, како и следење на законските промени.

Компаниите често се соочуваат со предизвици како што се промени во прописите, зголемен обем на административна работа или флуктуација на вработените кои се задолжени за овие работи. Ако сакате да дознаете повеќе за тоа како да ги решите проблемите со флуктацијата, прочитајте наш текст за флуктацијата и заминувањето на експертите за пресметка на плати.

Квалитетна сметководствена услуга може значително да го олесни овој процес. Oва посебно важи за компании кои работат на повеќе пазари со различни законодавни рамки.

Пресметката на плати е чувствително и сложена област која бара стручност и прецизност. Грешките во овој процес можат да доведат до сериозни последици, како за компанијата, така и за нејзините вработени. Затоа, клучно е пресметката на плати да се врши од страна на искусни и доверливи експерти. Ако сакате да ги избегнете потенцијалните проблеми со исплатата на платите и да обезбедите навремена и точна пресметка, нашиот тим е тука да ви помогне.

Контактирајте не и дознајте како можеме да помогнеме во вашата компанија.

Преметка на плати и најчести грешки

Грешките при пресметка на плати можат да бидат непријатни и да имаат сериозни последици. Тие не само што можат да го нарушат задоволството и довербата на вработените, туку можат да ве чини многу време и пари за да ги исправите. Затоа, клучно е навреме да ги препознаете потенцијалните проблеми и да воспоставите ефикасен систем за нивно спречување. Нашиот совет останува непроменет:

  • ангажирајте искусни експерти,
  • редовно следете ги законските промени и
  • континуирано инвестирајте во стручно усовршување.

Тоа се клучни фактори за избегнување на грешки во овој процес.

На нашата веб-страница можете да погледате кои услуги ги нудиме во оваа област.

Најчести грешки при пресметка на плати и како да ги избегнете

Најчести грешки и како да ги избегнете

  1. Недоволно следење на законските промени

Прописите кои се однесуваат на даноци и придонеси често се подложни на промени на годишно ниво, во одредени износи/коефициенти, кои се едни од главните параметри за различни видови пресметки. Грешките во овој сегмент можат да доведат до, пред сè, неточни податоци кои се поднесуваат на релевантните институции, а потоа до многубројни прекршоци и последични парични казни за работодавачите/компанијата. Со ефикасно и навремено обезбедување сметководствени услуги како и соодветна даночна поддршка, вашата компанија може да биде сигурна дека сè е усогласено со важечките закони.

Жолта налепница со натпис "Common Mistakes" поставена на тастатурата на лаптоп, симболизирајќи најчести грешки во обрачун на плати и важноста на нивната идентификација и исправка.

  1. Сметководствена обработка на податоци

Сметководствениот пристап при обработка на податоците го зголемува ризикот од настанување на грешка. Автоматизираните системи/платформи/софтвери кои ги користат професионалните сервиси овозможуваат целосна точност на самите пресметки и значителна заштеда на време од почетниот внес до финалниот производ (во овој случај на пресметка на плати).

  1. Неусогласени податоци

Грешките при пресметки често настануваат поради неусогласени податоци за вработените, кои ги обезбедуваат клиентите. За да се минимизира овој ризик, нашиот тим внимателно ги проверува сите информации пред да ги испрати на обработка. Во случај на било какви нелогичности или нејасности, не ги испраќаме податоците понатаму без консултации со клиентот. Ова ја оцигурава точност и правилност на пресметките. Користењето надворешно сметководство за пресметка на плати значително ги намалува овие грешки, бидејќи стручњаците редовно ги ажурираат податоците и прават потребни проверки.

Зошто да одберете аутсорсинг на пресметка на плати?

Не е лесно ниту едноставно да се довери пресметка  на плати на некого надвор од вашата компанија. Меѓутоа, во современото бизнис опкружување, каде што законските промени се се почести, а стручноста и примената на модерни технологии се клучни за ефикасноста, внатрешното управување со пресметка на плати може да стане предизвик. Кога целиот процес се потпира на една личност во рамките на компанијата, ризикот од грешки поради оптеретување на истата личност  често растат. Токму затоа сè повеќе компании размислуваат за аутсорсинг како ефикасно и доверливо решение.

Аутсорсинг на процесот на пресметка на плати нуди многу предности, вклучувајќи:

  • Заштеда на време и ресурси – вашиот тим може да се фокусира на клучни активности, додека професионалната услуга ја презема оваа сложена работа.
  • Намалување на грешки – стручните партнери користат автоматизирани системи кои обезбедуваат прецизност.
  • Експертиза и советување – услугите за пресметка на плати нудат дополнителни услуги како што се бизнис советување и поддршка при донесување стратешки одлуки.
  • Пристап до модерни технологии – користењето напредни решенија овозможува оптимизација на процесот и подобра усогласеност со законските барања.

Повеќе за предностите на доверување на  пресметките на плати на надворешна компанија можете да дознаете во нашиот текст Дали да се довери пресметка на плати на надворешна компанија?

Промотивен постер на Унија Smart Accounting со услуги: сметководство, пресметка на плати, ИТ решенија и консалтинг. Прикажан е тим од три професионалци.“

Пресметката на плати и законски обврски на работодавачите

Законските обврски на работодавачите во врска со пресметка на плати вклучуваат низа активности кои се клучни за правилно функционирање и усогласеност со важечките прописи. Тоа вклучува:

  • правилно пријавување на вработените,
  • точна пресметка на даноци и придонеси,
  • како и поднесување на потребните извештаи.

Грешките во овие чекори може да резултираат со казни, правни проблеми или нарушување на довербата на вработените. Професионалните сметководствени сервиси можат значително да придонесат за точноста и навременоста на овие активности. Сметководствени сервиci обезбедуваaт усогласеност со законските стандарди и обезбедувајќи поддршка во решавањето на правни недоумици.

Човек користи калкулатор, додека на масата стои печат со натпис "PAYROLL", покрај моливи и бележник, што симболизира точност и професионален пристап во обрачун на плати и администрацијата на вработените

Најважни прописи за пресметка на плати

За да ги исполнат своите обврски во согласност со важечките прописи, работодавачите мора да ги познаваат клучните закони кои ја регулираат областа на пресметка на плати и поврзаните процедури. Во продолжение ги споделуваме со вас најважните прописи во Република Македонија кои се релевантни за оваа област.

  1. Закон за работни односи – овој закон ја регулира правата и обврските на вработените и работодавачите, вклучувајќи одредби за исплата на плати, надоместоци, работно време и други аспекти на работниот однос.
  2. Закон за данок на доход на граѓаните – го дефинира даночењето на приходите на физички лица, вклучувајќи плати на вработените, и пропишува стапки на данок кои се применуваат на различни видови приходи.
  3. Закон за придонеси за задолжително социјално осигурување – ги уредува обврските на работодавачите и вработените во врска со плаќањето придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и осигурување за случај на невработеност.
  4. Правилник за содржината на пресметка на плата, односно надоместок на плата – овој правилник пропишува задолжителни елементи кои мора да ги содржи пресметка на плата или надоместок на плата, како што се податоци за работодавачот и вработениот, период на пресметка, износи на бруто и нето плата, даноци, придонеси и други релевантни податоци.
  5. Закон за сметководство – го регулира водењето на бизнис книги и евиденции, вклучувајќи евиденција за пресметка  и исплата на плати, што е клучно за транспарентност и законитост на бизнисот.
  6. Закон за заштита на податоци за личноста – пропишува обврски на работодавачите во врска со собирање, обработка и чување на лични податоци на вработените, вклучувајќи податоци кои се користат во процесот на пресметка на плати.

Заклучок

Пресметката на плати е сложен процес кој бара стручност и внимание на деталите. Надворешната експертска поддршка на овој процес им овозможува на компаниите да ги намалат ризиците, заштедат време и обезбедат висока точност. Пресметката на плати не е само сметководствена задача – тоа е стратешки процес кој може да го унапреди бизнисот.

Ако сакате вашиот бизнис да биде без стрес, контактирајте со нас. Дознајте како нашите експерти за сметководство и пресметка на плати можат да помогнат во вашата компанија.