Establishing LLC in MK is shown as a promotional poster symbolizing a new beginning for everyone who wants to take that step
22. јуни, 2023

Отварање фирма во Северна Македонија

Дали работите во Северна Македонија?

Дали размислувате да отворите друштво со ограничена одговорност како физичко или правно лице?

Основањето на друштво со ограничена одговорност во Северна Македонија е по утврдена процедура. За да ви заштедиме драгоцено време, во дадената брошура ги собравме сите потребни информации за воспоставување на Д.О.О. во Северна Македонија, а ние со задоволство ќе ви помогнеме околу самата процедура.

Ви посакуваме успешно деловно патување во Северна Македонија!

Важни чекори што треба да ги преземете за да основате ДОО во НМК

I. Постапка за основање на Д.О.О. (ДОО)

Основањето и регистрацијата се врши во Централен регистар на Република Северна Македонија.

Износот на основната главнина не смее да биде помал од 5.000 евра во денарска противвредност; Друштво со ограничена одговорност може да има најмногу 50 содружници. Основниот капитал, кој може да се плати во готово или да се внесе како не паричен влог, се депонира на жиро сметка, а уплатницата со уплатениот паричен влог се поднесува при регистрација на компанијата. Сметките се отвораат и управуваат комерцијалните банки. Покрај задолжителната денарска сметка, компаниите во Македонија можат да поседуваат и девизна сметка. Основната главнина на компанијата во износ од 5.000 евра не е задолжително да се плати при основањето на компанијата, таа може да се плати и подоцна но не покасно од една година од денот на основањето на компанијата во Централен регистар.

Основачот кој е физичко лице има потреба од пасош доколку е странец. Во случај на правно лице, потребни се патни исправи-пасоши на сите членови на менаџментот на компанијата. Доколку се работи за странско правно лице, потребен е и извод од надлежниот регистар од земјата каде има седиште за предметното правно лице, заверен и преведен од овластен судски преведувач и истиот не смее да биде постар од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето до Централниот регистар на РСМ.

Дополнителни информации

Препорачливо е однапред да го проверите и резервирате името на компанијата во Централниот регистар на РСМ. Името на компанијата мора да биде различно од постоечките компании.

Друштво со ограничена одговорност се основа врз основа на изјава за основање (ако друштвото го основа само едно лице) или договор за друштвото (кога има повеќе основачи). Наведениот документ ги дефинира името и седиштето на друштвото, активностите, правата и обврските на содружниците, органите на компанијата (управа, надзорен одбор и сл.) и други елементи важни за работењето на друштвото. Пред да се основа компанијата треба да се избере шифра на дејност според националната класификација на дејности во Македонија. Покрај приоритетната дејност компанијата може да избере и општа клаузула за бизнис. “Општа клаузула за бизнис“ е назнака дека субјектот на упис во трговскиот регистар може да ги врши сите дејности според Националната класификација на дејности.

Сите документи мора да бидат подготвени и дигитално потпишани од овластено лице регистрационен агент-Адвокат

Актот за основање го составува овластено лице-регистрационен агент, а потоа се запишува во:

  • Централен регистар на Република Северна Македонија,

Штом се добие Решение од Централен Регистар за основаната компанија може да се изработи печатот.

Кон налогот се приложува копија од решението за упис во трговскиот регистар. На печатот мора да биде наведено името на компанијата.

Упис во Трговски регистар и добивање на матичен број

Секој субјект при првиот упис во Трговски регистар добива единствен матичен број на субјектот (ЕМБС) којшто се состои од седмо цифрен број, кој се доделува електронски од страна на Централен регистар на Република Северна Македонија. Постапката за упис во трговскиот регистар се води по посебна управна постапка утврдена со прописите на едношалтерскиот систем. Рок за задолжителен упис во Трговски регистар е 15 дена од денот на стекнувањето на условите за упис. Постапката за упис се отпочнува со поднесување на пропишан образец кој го содржи барањето за упис. Пријавата за упис мора да биде поднесена од овластен поднесувач од страна на управниот орган или овластен регистратор во електронска форма и електронски потпис.

Кон пријавата се приложува следново:

  • ПО образец – Пријава за упис на основање на субјект во Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица
  • ЗП Образец – Заверен потпис

Регистрација во системот на обврзници на данок на доход и регистрација во системот за ДДВ

Самиот упис во Централен Регистар на Република Северна Македонија, подразбира регистрација на субјектот во Трговски регистар и регистар на други правни лица како и регистрација за даночни цели во Управата за јавни приходи и резервација на банкарска сметка во банка по сопствен избор, како интегрирана услуга а тоа значи и добивање на даночен број и жиро сметка.

По барање на субјектот, во моментот на упис во Централен регистар на Република Северна Македонија може да се спроведе процедура за доброволна регистрација за данок на додадена вредност и да се поднесе пријава до Агенција за вработување на Северна Македонија за регистрација на првите вработени во субјектот.

Веднаш по основањето на компанијата, основачот е должен да поднесе и пријава за упис во регистарот на вистински сопственици. Пријавата за упис во регистарот на вистински сопственици е електронска и ја составува и дигитално ја потпишува во име на основачот – овластено лице регистрационен агент Адвокат.

Доколку основаната главнина се уплати при основањето тогаш компанијата е должна веднаш да направи пријава за странска директна инвестиција (доколку сопственик на компанијата е физичко или правно лице од странство).Пријавата за упис во регистарот на странски директни инвестиции е електронска и ја составува и дигитално ја потпишува во име на основачот – овластено лице регистрационен агент Адвокат.

Основање на друштво со ограничена одговорност е прикажано со млад човек кој стои пред бизнис центар симболизирајќи нов почеток

II. Административно управување на компанијата во Македонија

Седиште

Доколку сè уште немате деловен простор, ви нудиме можност привремено да ја регистрирате вашата компанија во седиштето на Унија во Скопје, поточно на адреса: 8-ма Ударна Бригада  39, 1000 Скопје. Деловните простории се усогласени со сите законски прописи.

Администрација

Ќе ја дигитализираме целата ваша пошта и ќе ви ја проследуваме во електронска форма секојдневно на вашата е-пошта. Подготвувањето налози за плаќање во електронската банка и издавањето фактури се само најчестите задачи, но ќе се грижиме и за сите останати, така што вашата компанија непречено функционира како да имате административен персонал со полно работно време.

Сметководство

Управувањето со деловните книги препуштете ни го нам и ние ќе се погрижиме тие да се водат согласно законот. Воедно, редовно ќе ве информираме за работењето на вашата компанија и ќе ве советуваме во областа на сметководството и даноците. Сметководството на плати, управувањето со евиденцијата на персоналот и другите кадровски услуги исто така може да бидат наша грижа и гарантираме дека тие ќе бидат во согласност со важечките прописи и вашите очекувања. Секако, ќе се грижиме и за навремено и правилно известување до државните институции.

Бидејќи нашите експерти се запознаени со законодавството на Македонија, тие ќе можат полесно да ги објаснат спецификите на кои треба да обрнете посебно внимание во вашиот бизнис.

Е-сметководство

Добијте постојан увид во деловните книги на вашата компанија и од местото каде што се наоѓате. Преку нашето е-сметководство, ќе можете да ја потврдите автентичноста на примените фактури и да ја прегледате целата деловна документација од нашата е-архива.

Доколку во врска со процесот на формирање на Д.О.О. во Македонија, би имале дополнителни прашања, со задоволство ќе ве советуваме.

E: info.sk@unija.com and consultingmk@unija.com

T: +389 23 450 199