Имате фирма во Македонија и сте обврзани да издавате фактури? Имаме важни вести за вас! Се воведува системот на е-фактури, а со него доаѓаат и многу прашања. Не грижете се! Ние сме тука да одговориме на нив, а за почеток сакаме да ви ги пренесеме најважните информации.
Систем на е-фактури и основни информации
Во согласност со најавата на УЈП, е-фактурата е електронски даночен документ кој се издава, прима, обработува и се чува во реално време, и кој овозможува:
- поголема транспарентност,
- поефикасна наплата на даноци,
- намалено административно и финансиско оптоварување за компаниите,
- како и подобра контрола и сигурност, како за даночните обврзници, така и за даночниот орган,
што понатаму значи поголема точност, поедноставено работење и спречување на даночна евазија. Овие документи ќе ги издаваат овластени лица и ќе мора да бидат потпишани со квалификуван електронски сертификат.
Врз основа на целосно дигитализирана постапка, е-фактурите автоматски ќе се регистрираат во централизирана платформа. Моментално е во тек пилот-фаза, која започна на 01 јануари 2026 година.

Задолжителната примена се очекува да започне во третиот квартал. Во меѓувреме, ќе се тестира API-интерфејсот за испраќање и прием на е-фактури. Објавена е и техничката документација, со што компаниите можат да започнат со евентуални подготовки и прилагодување на новите софтверски решенија. Исто така, ќе имаат можност да ја тестираат размената на податоци.
На крај, можеме да заклучиме дека со имплементацијата на новиот систем, хартиените фактури заминуваат во минатото.
Што значи е-фактура за ДДВ-обврзниците
Системот на е-фактури ќе имаат обврска да го користат сите правни лица кои се во системот на ДДВ. Во овој момент сѐ уште траат подготовките за имплементација, а со користење прво ќе започнат дел од компаниите, веројатно најголемите, по што обврската за е-фактури постепено ќе се прошири и на средните и малите компании.
Како што претходно напоменавме, начинот на пренос на документите ќе биде автоматски. Сите предвидени постапки за подготовка до наведените рокови се бесплатни.
Овој чекор е значаен поради усогласување со регулаторните промени, со цел да се избегнат прекини во работењето, а нам ни останува и во наредниот период да ве информираме за сите новини кои влијаат на вашето работење.
Редовно посетувајте ја нашата страница за вести.
