Парламентот неодамна усвои предложени измени на Законот за ДДВ. Со овие измени се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки до 22 евра. Целта на овие законски измени е зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места.
Како што истакнува Министерството за финансии, со укинување на ослободувањето, околу 4 милиони денари месечно ќе бидат насочени кон домашната економија, наместо кон онлајн платформите, а се очекува овој износ да има директен позитивен ефект, и тоа:
- заштита и развој на домашната економија,
- раст на локалните компании и
- создавање нови работни места, а воедно и подобрување на условите за вработените.
Дополнително, овие промени ќе придонесат за намалување на сивата економија. Претходниот систем дозволуваше злоупотреба во форма на увоз на стоки ослободени од ДДВ кои подоцна се продаваа на македонскиот пазар. Новите законски решенија ја спречуваат оваа пракса и обезбедуваат фер и контролирана пазарна средина, појаснуваат од МФ.
Исто така, треба да се нагласи дека трошокот за пресметката и плаќањето на ДДВ нема да падне на товар на граѓаните, што значи дека нема да има промена на цените за крајните потрошувачи.
Заклучок
Во контекст на брзиот развој на дигиталната трговија, законските измени во областа на ДДВ имаат директно влијание врз бизнисот. За деловните субјекти, важно е да се има предвид дека сите пратки од странство сега ќе подлежат на ДДВ, што може да доведе до мало зголемување на трошоците и поголеми административни обврски.
За повеќе вакви вести, следете ја нашата страница.


