9. ноември, 2021

Unija Club организира бесплатен вебинар „Извештаи од новата генерација: POWER BI“

„Извештаи од новата генерација: POWER BI“

Придружете се на вториот вебинар организиран од Unija Club!

Со желба подобро да се запознаеме со една од алатките што би ја олеснила работата на секоја модерна компанија и би го подобрила нејзиниот бизнис, решивме овој вебинар да биде вовед во сѐ што би можеле да постигнете со BI Report-от. Со брзиот и динамичен развој на компанијата и општите промени кои постојано се случуваат на пазарот, точната и брза анализа на податоците е една од основните потреби на секоја компанија.

Потребно е да разбереме дека квалитетното собирање и анализа на податоци е од суштинско значење за подобро и побрзо донесување одлуки, исто така веруваме дека рачното обработување на податоците наскоро ќе стане минато и ќе биде заменето со функционални решенија како што е Power BI.

Предноста на новата генерација решенија се алгоритми за паметно предвидување и автоматско учење, како и интерактивни контролни табли кои можат да одговорат на важни прашања за вашиот бизнис. Со нашите паметни извештаи, им помагаме на организациите да се движат кон иднината врз основа на квалитетни податоци.

Power BI е приспособлив и лесен систем за користење, кој нуди исклучително разбирливи и флексибилни опции за известување. Тој е целосно прилагоден на потребите на вашиот бизнис, а со Power BI сите ваши податоци живеат на едно место. Дополнителна предност е што извештаите се интерактивни и тековно ажурирани, што ви дава увид во состојбата на податоците на вашата компанија во секое време.

Вториот вебинар организиран од Unija Club ќе се одржи на 30 ноември 2021 година во 14:00 часот, а предавач на овој вебинар ќе биде истакнатиот експерт Gašper Kamenšek. Тој е MVP на Excel од Словенија, тренер и консултант на Олимпијадата на Excel и сопственик и главен автор на Excel Unplugged. Тој ја посвети својата работа во Excel со благородна цел да им помогне на луѓето да уживаат во работата во Excel – одлична алатка која е малку застрашувачка за многумина.

Целта на овој вебинар е, покрај нашиот искусен предавач, да им обезбедиме на идните членови на Uniја Club потребните информации за тоа како Power BI може да го подобри бизнисот на нивните компании и да обезбеди конкретни информации за тоа како да ги искористат неговите непроценливи можности.
На овој вебинар може да се пријавите на следниов линк: https://unija.com/sl/prijava-na-dogodek/

Unija Club е дел од меѓународната сметководствена компанија Unija Smart Accounting, која ги надминува традиционалните сметководствени рамки и подобро го користи потенцијалот на собраните податоци. Преку нашиот сметководствен систем од напредна генерација, на нашите клиенти им овозможуваме сигурен увид во сложените деловни односи и им помагаме да донесат компетентни одлуки засновани на информации. Нудиме професионално сметководство, пресметка на плата, консалтинг и ИТ поддршка на организации од сите големини и форми. Искусниот и стручен кадар гарантира највисоко ниво на квалитет за сите 14 пазари во Централна и Источна Европа. Со гордост можеме да истакнеме дека постигнавме висок степен на задоволство и доверба кај нашите клиенти.