Трансферните цени се една од нашите најзначајни области на експертиза. Тимот на Unija ETL Consulting веќе повеќе од 15 години успешно работи на пазарот на поранешна Југославија, каде што оваа тема претставува наш фокус и предмет на гордост. Од 2024 година, како дел од ETL Global Group, нашите услуги за трансферни цени ги нудиме во повеќе од 60 земји ширум светот. Една од тие земји е и Полска, каде што рокот за поднесување на документацијата за трансферни цени се приближува.
Во изминатиот период објавивме повеќе стручни текстови на темата за трансферни цени во Србија и регионот. Во овој напис, пак, сакаме да споделиме неколку клучни информации кои може да бидат од особена важност и за вашите поврзани компании што делуваат на пазарот во Полска.
Pокови за трансферни цени во Полска
Октомври претставува последна можност да се обезбеди навремено исполнување на сите обврски поврзани со документацијата за трансферни цени и извештајните обврски за фискалната 2024 година. Бидејќи роковите брзо се приближуваат, секое доцнење може да ги изложи клиентите на значителни финансиски и регулаторни ризици.
Ве потсетуваме на следново:
- Преостануваат уште две недели за подготовка на локалната документација (Local File) и потребните анализи на трансферните цени;
- Остануваат помалку од два месеца за поднесување на TPR формуларот (TP декларацијата) до даночните органи;
- Имате помалку од три месеца за изработка на мастер-документацијата (Master File) и нејзино приложување кон локалната документација.
Со други зборови – времето истекува брзо. Затоа е клучно да се реагира веднаш за да се избегне притисокот во последен момент и можни пропусти во процесот.
Зошто е ова толку важно?
Во Полска, TPR формуларот претставува главна алатка што даночните власти ја користат за избор на даночни обврзници за инспекција на трансферните цени. Покрај тоа, казните за доцно поднесување на локалната документација или на TPR формуларот можат да достигнат речиси 15 милиони PLN, што изнесува приближно 3,5 милиони евра.
Во продолжение следува краток преглед на претстојните рокови за фискалната 2024 година:
| Октомври | Ноември | Декември | ||||
| Подготовка на локалната документација (Local File) за фискалната 2024 година | Поднесување на TPR и ORD-U формуларите за фискалната 2024 година | Подготовка на мастер-документацијата (Master File) за фискалната 2024 година | Поднесување на CBC-R формуларот за фискалната 2024 година | |||
| Рок | 10 месеци по завршување на фискалната година | Рок | 11 месеци по завршување на фискалната година | Рок | 12 месеци по завршување на фискалната година | 12 месеци по завршување на фискалната година |
Како Unija ETL може да ви помогне?
Доколку вашата компанија соработува со поврзани лица во Полска, нашиот тим е тука за да ви помогне навремено да ги исполните сите обврски поврзани со трансферните цени. Нашиот стручен тим може да изврши целосна проверка и подготовка на потребната документација, како и да обезбеди поддршка во сите фази на процесот, со цел да ги избегнете потенцијалните ризици и казни поради задоцнување. Контактирајте не заедно да обезбедиме дека вашето работење ќе биде целосно усогласено со законските прописи, и дека ќе избегнете можни последици поради непочитување на обврските.


