Сертификат за слободен пристап на пазар на труд на иницијативата Отворен Балкан
25. јуни, 2024

Сертификат за слободен пристап на пазар на труд на иницијативата Отворен Балкан

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање и соработка во врска со слободен пристап до пазарот на трудот, постигната е согласност за поедноставување на процедурите за еднаков пристап до пазарот на трудот во страните договорнички. Ова вклучува отстранување на работните дозволи и поврзаните постапки, како и воведување на електронска услуга за слободен пристап до пазарот на труд. Дополнително, ќе се доделува единствен OBID број за секој работник.

Како го остваруваат правото на слободен пристапна пазарот на трудот лицата од Србија и Албанија во Македонија?

Постапката за добивање  пристап до пазар на трудот (Барање за издавање на сертификат) се реализира електронски преку веб страната uslugi.gov.mk (за лица од Србија и Албанија).

Сертификатот се генерира електронски од страна на Агенцијата за вработување преку uslugi.gov.mk. Притоа, не се води никаква одделна постапка преку АВРСМ.

Постапката за обезбедување на Сертификатот треба да ја изврши лицето лично, по електронски пат на порталот на неговата земја. Со оваа постапка се генерира OBID број.

Понатаму, се најавува на порталот uslugi.gov.mk, каде пополнува прашалник и поднесува Барање за добивање на слободен пристап на пазарот на труд. 

По доставеното барање, МВР постапува со цел генерирање на матичен број за странец. Потоа, Агенцијата за вработување на Северна Македонија одобрува и издава Сертификат за слободен пристап на пазарот на труд. Доделениот матичен број за странец се запишува во Сертификатот издаден од АВРСМ.

Лицето кое добило Сертификат за слободен пристап на пазарот на труд може да воспостави работен однос во Северна Македонија. Тоа ќе биде под истите услови како и сите државјани на Република Северна Македонија.

Лицето го одобрува сертификатот за слободен пристап до пазарот на труд.

Како го остварува правото на слободен пристап во Србија и Албанија лице државјанин на Северна Македонија?

Постапката за обезбедување на Сертификатот треба да изврши лицето, лично, по електронски пат на порталот на неговата земја со цел да генерира OBID број. Во овој случај лицето го креира својот OBID број на страната на uslugi.gov.mk.

Лицето се пријавува на националниот портал за е-услуги во земјата во која се вработува, следејќи ги упатствата за најава и регистрација. На овој портал се пополнуваат потребните информации. Потоа, се чека потврда и издавање на Сертификатот за слободен пристап на пазарот на труд.

Кои се придобивките од Сертификатот за слободен пристап на пазарот на труд?

Со издавање на овој Сертификат се избегнуваат процедурите за работни дозволи и се подобрува мобилноста на работната сила. Оваа мерка има за цел да ја раздвижи економијата во земјите кои се дел од иницијативата Отворен Балкан.