На илјадници семејни компании во овој момент се соочуваат со прашањето кому да го предадат своето работење. Повеќе од 80% од компаниите во регионот се семејни фирми, а со многу од нив сè уште управуваат нивните основачи без јасно дефиниран план за транзиција. Прашањето што треба да се постави тогаш е пренесување на бизнисот на членовите на семејството.
Семејните фирми не се само економски субјекти, туку и врска меѓу генерациите што носи вредности како лојалност, одговорност и поврзаност со заедницата. На нив треба да се гледа како на стратешка имотна вредност, која бара мудро, промислено и одговорно управување, особено во процесите на наследување и пренос на сопственоста.
Многу основачи ја одложуваат сукцесијата поради страв од губење на влијание, недостиг на доверба во наследниците или нерешени односи. Најчестите грешки се токму одложувањето на повлекувањето на основачот, преносот на бизнисот без стручна помош или нееднаквиот третман на членовите на семејството. Последиците може да бидат сериозни – може да дојде до пад на вредноста на компанијата, загуба на вработени или прекин на деловни односи. Имајќи го предвид фактот дека во следните години се очекува голем број сопственици да заминат во пензија, навремената подготовка е клучна за зачувување на стабилноста на компанијата. Статистиката покажува дека преносот на втора генерација го преживува само една третина од семејните претпријатија, најчесто поради доцнење и неадекватна подготовка на наследниците.
Планирањето на сукцесијата како средство за поголема сигурност и јасна насока
Препорачливо е, во соработка со релевантните членови на семејството, планот за сукцесија да се подготви неколку години однапред. Потребно е да се запишат сите одлуки и договори – добар пример за ваква практика е т.н. „семеен устав“, документ кој ги регулира односите во семејството, ги утврдува заедничките вредности, визијата и правилата, и спречува недоразбирања и правни компликации. Тој е наменет пред сè за семејства кои имаат заедничка компанија или поголем семеен капитал и сакаат да ги усогласат правилата за успешна меѓугeneracиска соработка и пренос на сопственоста и одговорностите.

Начини на пренос
Преносот на компанијата може да се одвива на неколку начини, во зависност од целите на основачот, семејните односи и даночните околности.
Првата одлука што треба да се донесе е дали пренесување на бизнисот на членовите на семејството ќе биде со надомест, без надомест или како комбинација од двете.
Најчестите облици на пренос без надомест се договорот за дарување и договорот за пренос на удел. Секој од нив има свои специфики и правни последици, па затоа се препорачува да се консултира правен советник пред донесување на конечната одлука.
Од друга страна, сопственикот/преносителот може да го пренесе својот удел во друштвото со надомест и на тој начин да добие компензација за вложениот труд и обезбедување на социјална сигурност. Примери за пренос со надомест се продажбата, договорот за доживотно издржување и други слични форми.
За полесно организирање и управување со својот имот, дел од претприемачите формираат т.н. „доверителски фондови“, преку кои ја штитат компанијата, обезбедуваат стабилно и единствено управување и го зачувуваат континуитетот на бизнисот.
Доколку преносот на компанијата на семејните членови не се реализира за време на животот на основачот, деловните удели можат да бидат наследени — по закон или согласно тестамент. Меѓутоа, ваквиот начин на пренос често доведува до посложено управување, нееднаква распределба меѓу наследниците и одложено донесување одлуки, што може сериозно да го наруши континуитетот на работењето.
Даночен третман и олеснувања при семејни трансфери на имот и удели
Преносот на компанија, удел или друга имотна вредност во рамките на првиот наследен ред не се оданочува, без разлика дали станува збор за договор за дарување, договор за пренос на удел или класично наследување. Ова даночно ослободување не настапува автоматски, туку мора правилно да се побара во постапката, со исполнување на законските услови и поднесување соодветна документација. Во спротивно, данокот ќе биде пресметан.
Кај формите на пренос со надомест, даноците се утврдуваат според видот на трансакцијата и односот помеѓу преносителот и примателот.
Продажба на трети лица како друга можност
Кога во семејството нема наследник или не е можно навремено да се подготват наследниците за преземање на бизнисот, една од опциите е продажба на деловниот удел на трето лице – купувач. Овој модел овозможува:
- правна јасност,
- флексибилност,
- побрз пренос на управувачките права,
- финансиска независност и
- постепено повлекување од работењето.

Клучно е точното вреднување на пазарната вредност на уделот, бидејќи тоа овозможува правилно утврдување на купопродажната цена.
Пренос на компанијата на вработените како алтернатива на семејниот пренос
Алтернатива е и преносот на компанијата (целосно или делумно) на клучните вработени. Овој модел им овозможува на вработените да станат сопственици на компанијата преку откуп на акции или други облици на сопственост. Преносот на вработени може да спречи внатрешни конфликти кои би настанале при семејна сукцесија и истовремено да ја зголеми мотивацијата и ангажманот на тимот. Во овој процес од клучно значење се правилната комуникација и соодветната подготовка.
Утврдување на вредноста на претпријатието
Од аспект на стратешко планирање, препорачуваме пред реализирање на преносот да се спроведе професионално вреднување на претпријатието или утврдување на вредноста на уделот во друштвото, независно од тоа дали станува збор за трансфер во рамките на семејството или продажба на трети лица.
Процесот на вреднување на претпријатието опфаќа анализа на финансиските извештаи, преглед на работењето, утврдување на вредноста на имотот и обврските, како и оценување на идните парични текови. Покрај нумеричките показатели, во предвид се земаат и пазарната позиција на компанијата, стабилноста на деловните односи, брендот и улогата на основачот во деловниот модел. Неопходно е вреднувањето да го изврши независен стручњак, користејќи признати методи, како што се методот на дисконтирани парични текови, пазарниот пристап или методот на прилагодени книговодствени вредности. Ваквиот пристап обезбедува објективно и стручно засновано вреднување, што претставува основа за фер определување на купопродажната цена, даночно планирање и стратегија за пренос на сопственоста.

Преносот на бизнисот бара разбирање на правните, даночните и финансиските аспекти, па затоа е клучно да му се пристапи сеопфатно. Unija ETL Consulting им нуди на компаниите од регионот стручна поддршка во сите фази на преносот – од анализата и изборот на најсоодветната форма, до правното, даночното и финансиско советување. Ваквиот мултидисциплинарен пристап ја штити вредноста на компанијата, ја зајакнува довербата и обезбедува долгорочна стабилност.
За повеќе информации, обратете ни се.


