Фриленсери
28. октомври, 2025

Известување за подготовките на нов закон за фриленсери во Македонија

На третата меѓународна конференција за фриленсери одржана на 18.10.2025 година, организирана од фондацијата Импакт, заменик-министерот за труд и социјални работи објави дека во моментов се работи на подготовка на нов закон кој ќе ги регулира правата на фриленсерите во Македонија. Според него, Министерството за социјална политика има ангажирано експерти кои ќе направат анализа на бројот на младите кои работат како фриленсери, како и на нивниот придонес на пазарот на трудот и економијата.

Предлог-законот, кој е во фаза на изработка, ќе им овозможи на фриленсерите да бидат вклучени во системот на социјално осигурување и да се изедначат со другите вработени во земјата. Тоа значи дека фриленсерите:

  • ќе можат да ги пријавуваат своите договори за работа со странски организации и компании
  • и ќе бидат обврзани да плаќаат социјални придонеси, на ист начин како и другите вработени.

Оваа иницијатива е особено важна за жените фриленсери. Нов закон ќе предвиди и користење на породилно боледување. Со тоа, жените кои работат како фриленсери ќе можат да уживаат во истите права за заштита на мајчинството како и редовно вработените жени, што ќе ја зголеми нивната социјална сигурност и економска стабилност.

Затоа, со оваа иницијатива, Министерството за труд и социјални работи има за цел да:

  1. обезбеди подобра заштита на фриленсерите,
  2. им овозможи да уживаат во истите права и бенефиции како и редовно вработените лица.

За повеќе информации за најновите законски измени, следете ја нашата страница со новости.