Испратете ни барање
Претприемачката го користи правото на признавање на расходите
23. јануари, 2026

Признавање на расходи во даночниот биланс за 2025 година

Во овој текст фокусот го ставаме на имотот кој повеќе не се користи, а кој има нето книговодствена вредност, и ќе ги објасниме најважните услови за признавање на расходите во даночниот биланс за 2025 година, поврзани со неговото расходување.

Причината зошто го пишуваме токму овој текст е рокот до 31 јануари 2026 година за правните лица кои располагаат со погоренаведениот имот и сакаат да го искористат ова право и да достават соодветна документација до УЈП.

Имот кој е трајно надвор од употреба

За имот кој е трајно повлечен од употреба се смета:

  • Средства, кои, со одлука или друг акт на органот на управување на даночниот обврзник, се ставени надвор од употреба поради физичка истрошеност или техничка застареност;
  • средства кои даночниот обврзник не ги користел подолго од една година во континуитет, а нивното повлекување од употреба не е последица на поправка или надградба;
  • средства чија набавка е откажана во фазата на набавување или за кои три последователни години не се вложени средства за завршување на таа набавка;
  • како и средства кои даночниот обврзник ги користел со помалку од 30% од својот програмски капацитет во последните пет години.

Која документација треба да се достави за признавање на расходите

Притоа, обврзникот треба по електронски пат да достави до УЈП:

  1. Барање за признавање на расходи во даночниот биланс за данок на добивка (образец ДД-БС);
  2. Барање за признавање на расходи од работењето на даночниот обврзник во даночниот биланс за данок на доход (образец ДЛД-БС).
Претприемачката прибира документација за признавање на расходите во даночниот биланс.

Која дополнителна документација треба да се достави? Даночниот обврзник, исто така, доставува и список на имот кој повеќе не се користи, акт со кој се уредува начинот на пресметка на амортизацијата, одлука за усвојување на извештајот за попис и евиденција на утврдените разлики, како и изјава дека средствата повеќе не можат да се користат, во која мора да биде наведен поконкретен причински основ. Доколку обврзникот не достави целосна документација, нема да може да го оствари ова право.

И за крај, да го заклучиме најважното – расходите не се признаваат во даночниот биланс произволно. За да се оствари правото на признавање на расходи во даночниот биланс за 2025 година, потребно е да се исполнат законски пропишаните услови. Неопходно е да се подготви и приложи целосна документација и истата, во утврдениот рок, да се достави до надлежниот орган.

Доколку имате дополнителни прашања или ви е потребна помош, слободно обратете ни се на info.sk@unija.com. Сите наши новости од областа на даноците, како и стручни текстови, можете да ги следите на нашата страница за вести.

O autoru

Milan Aleksovski

Милан Алексовски е Head Tax Consultant во Unija ETL Consulting Македонија и експерт за директно и индиректно оданочување. Седум години работел како инспектор за големи даночни обврзници во Управата за јавни приходи, на предмети поврзани со ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и игри на среќа.
Како консултант, на клиенти од различни индустрии им обезбедува практични и стратешки решенија. Милан обезбедува поддршка при даночни контроли, судски постапки и законска усогласеност, врши due diligence анализи и советува во областа на меѓународното оданочување и трансферните цени.Како консултант, тој им обезбедува на клиентите од различни индустрии практични и стратешки решенија. Милан нуди поддршка при даночни контроли, постапки пред надлежни органи и прашања поврзани со даночна усогласеност, спроведува due diligence анализи и советува во областа на меѓународното оданочување и трансферните цени.