Испратете ни барање
13. декември, 2024

Во Македонија официјално стапува во сила новиот стандард МСФИ 16 (Закуп/Лизинг)

Со почеток од 01.01.2025, во Македонија официјално стапува во сила новиот стандард МСФИ 16 (Закуп/Лизинг). Овој стандард носи значајни промени во начинот на кој компаниите управуваат со своите договори за закуп и лизинг и ги презентираат во финансиските извештаи.

Зошто МСФИ 16 е важен?

Целта на овој стандард е да се зголеми транспарентноста, точноста, и споредливоста на финансиските извештаи. Компаниите ќе треба да ги прикажуваат долгорочните договори за закуп (освен краткорочни и со мала вредност) како средства и обврски во билансот на состојба, што ќе овозможи подобро разбирање на нивната финансиска состојба.

Клучни промени што ги носи МСФИ 16:

  • Пресметка и прикажување на средства и обврски:
    Договорите за закуп ќе се класифицираат како “право на користење” (Right-of-Use Asset), а обврските како финансиски задолжувања.
  • Влијание врз финансиските показатели:
    Промените ќе влијаат врз:
    • Задолженост,
    • Оперативни трошоци (намалување на износите за закуп),
    • Пари и парични текови.
  • Приспособување на системите:
    Компаниите ќе треба да ги усогласат своите финансиски системи за управување и известување со барањата на стандардот.

Што значи ова за компаниите?

  • Точна пресметка:
    Ќе биде потребно да се пресмета вредноста на средствата и обврските врз основа на времетраењето и условите на договорите за закуп.
  • Обука и техничка подготвеност:
    Потребна е подготовка на финансиските тимови и ажурирање на постоечките процеси.
  • Можност за оптимизација:
    Ова е можност за подобро менаџирање и преглед на тековните договори за закуп, со цел нивна оптимизација.
O autoru

Milan Aleksovski

Милан Алексовски е Head Tax Consultant во Unija ETL Consulting Македонија и експерт за директно и индиректно оданочување. Седум години работел како инспектор за големи даночни обврзници во Управата за јавни приходи, на предмети поврзани со ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и игри на среќа.
Како консултант, на клиенти од различни индустрии им обезбедува практични и стратешки решенија. Милан обезбедува поддршка при даночни контроли, судски постапки и законска усогласеност, врши due diligence анализи и советува во областа на меѓународното оданочување и трансферните цени.Како консултант, тој им обезбедува на клиентите од различни индустрии практични и стратешки решенија. Милан нуди поддршка при даночни контроли, постапки пред надлежни органи и прашања поврзани со даночна усогласеност, спроведува due diligence анализи и советува во областа на меѓународното оданочување и трансферните цени.