Во секојдневното деловно работење, чести се случаите кога се менуваат условите на извршениот промет или пак со договорите се пропишани исплати на одредени бонуси и слично. Од оваа причина се издават книжни одобренија или задложенија, кои претставуваат сметководствени документи и се предмет на сметководствено евидентирање.
Кои се даночните импликации од издавање на книжно задложение или одбрение?
Издавањето на книжни задложенија и одобренија имаат импликација на ДДВ. Најчесто се издаваат по завршувањето на даночниот период. И со нив се влијае на пресметаниот излезен ДДВ како и на пресметаниот претходен ДДВ.
Од што зависи дали издадените задложенија или одобренија ќе имаат импликација на ДДВ?
Дали даденото книжно задолжение или одобрение ќе има импликација на ДДВ, зависи од тоа дали се исполнети условите од членот 22 од Законот за ДДВ.
Имено, во овој член е пропишано следното. Ако даночната основа се промени поради враќање на доброто, поништување на договорот или поради менување на цените откако бил извршен прометот:
- даночниот обврзник, кој го извршил прометот, мора да го исправи данокот кој го должи за својот промет,
- а даночниот обврзник кон кого е извршен прометот мора да ја исправи одбивката на претходниот данок во согласност со промената, во текот на даночниот период на извршената промена.
Согласно ова за да може да се изврши исправка на ДДВ треба да биде исполнет еден од трите услови:
- Враќање на доброто;
- Поништување на договорот;
- Промена на цените откако бил извршен прометот.
Напоменуваме дека формата на издадените книжни задложенија и одобренија мораат да ги содржат сите неопходни елементи. Како и фактурата пропишани со член 53 од Законот за ДДВ.
Кога се врши исправка на вредноста на ДДВ по основ на издадено т.е. примено книжно одобрение/задолжение?
Исправката на ДДВ на основ на издадените книжни задолженија или одобренија прават и двете компании во ист даночен период кога е издадено книжното одобрение/задолжение.
За подетални информации во однос на даночни анализи, контактирајте со нашите даночни советници.
Ви стоиме на располагање на нашиот е-маил consultingmk@unija.com.