Испратете ни барање
Kalendar so označen datum za godišen odmor za koj ke se plati regresot.
29. мај, 2026

Најчесто поставувани прашања во врска со исплата на регрес

Наскоро доаѓа летото и започнува сезона на годишни одмори, кога ние како компанија за пресметка на платa во Република Северна Македонија добиваме многу прашања поврзани со регресот. Како би им олесниле на работодавците, во овој текст ќе го појасниме самото право на надомест за регрес, односно кога, кому и колку регрес работодавците можат да исплатат.

Во продолжение одговори на најчестите прашања.

Право на регрес за годишен одмор

Што е регрес и кога се исплаќа?

Регресот за годишен одмор е определен со општ колективен договор од јавниот, односно приватниот сектор. Се дефинира правото на регрес, како и минималниот износ кој може да биде исплатен. Право на регрес има вработен кој најмалку 6 месеци во календарската година работел кај ист работодавец.

Регресот се исплатува еднократно, во текот на годината, најдоцна до 31.12. Доколку се исплатува на рати, вкупно исплатениот износ не треба да го надминува дефинираниот износот во Одлуката за исплата и последната исплата да не биде подоцна од 31.12.

Liceto go popolnuva dokumentot so penkalo dodeka presmetuva regres za godisen odmor.
Пресметка на регрес за годишен одмор

Висина на износ и даночен третман на регресот

Како се пресметува висина на износот за регрес?

Во јавниот сектор предвидена е исплата на регрес со минимален износ од 30% од просечна исплатена нето плата по вработен во РСМ исплатена во претходната година, податок објавен во Соопштение на Државен завод за статистика.

Од друга страна пак, во приватниот сектор предвидена е исплата на регрес со минимален износ од 40% од просечна исплатена нето плата по вработен во РСМ, исплатена во претходните 3 месеци пред донесување на Одлуката за исплата, податок објавен во Соопштение на Државен завод за статистика.

При исплата на регресот за годишен одмор се пресметува и персонален данок, додека за даночно признат расход за цели на данок на добивка се смета до 80% од просечната месечна бруто плата во РСМ. Исплатата на регрес се врши преку епдд платформа.

Казни за ускратување регрес

Што ако работодавецот не исплати регрес?

Crven pečat so natpis "Penalty notice" što simbolizira kazna ili prekršok povrzan so regres za godišen odmor.
Работодавачите кои не исплаќаат регрес се казнуваат.

Работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор дека можат да побараат интервенција од  Државниот инспекторат за труд.

Законодавецот предвидува казна во висина до 4.000 евра, од кои:

  • од 2.000 до 3.000 евра се за фирмата
  • и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

Законодавецот предвидува и казна затвор од една година за работодавците кои ќе исплатат регрес, а потоа ќе бараат од работниците делумно или целосно да им го вратат.

Значи, регрес е дел од заработката и како таков е право на секој вработен. Меѓутоа неговата висина, пресметка и исплата најмногу зависи од интерните акти на вашата фирма. Токму поради тоа советуваме работодавците правилно да го регулираат регресот, како би ги исполниле своите законски обврски и да избегнат потенцијални казни.

Доколку ви е потребна помош со пресметка на плата, регрес и останати исплати на вработените, Унија ЕТЛ ви стои на располагање. Контактирајте не уште денес.

Најчесто поставувани прањаша (FAQ)

1. Кој има право на регрес за годишен одмор?

Право на регрес има секој вработен кој најмалку шест месеци без прекин работи кај ист работодавец.

2. Дали со закон е пропишана висината за надомест на трошоците за регрес?

Да. Со закон се определува минималниот износ кој може да се исплати, како и максималниот износ кој претставува даночно признат расход за цели на данок на добивка. Сепак работодавецот со општи акти или договори ја уредува висината и начинот на исплата на регресот.

3. Потребна ми е консултација околу дефинирање на интерни правила околу пресметка и исплата на регрес. Дали можам да разговарам со ваш стручњак?

Секако. Советување во областа на пресметка на плата е само една од услугите кои ги нудиме и не е условена со тоа дали веќе користите некоја друга наша услуга. Можете да ни испратите барање така што ќе ја пополните контакт формата, а некој од нашите стручњаци ќе ви одговори во најкраток можен рок.

 

O autoru

Emilija Josevska

Емилија Јосевска е Сениор сметководител за пресметка на плати во Унија ЕТЛ Акаунтинг Скопје, со повеќе од 15 години искуство во областа на сметководство, специјализирана за пресметка на плати и останати исплати на вработените. Дипломирала на УКИМ, Економски факултет Скопје, на катедрата за сметководство и ревизија во 2009 година, по што своето знаење го усовршувала во областа на платите, соработувајќи со бројни компании и помагајќи им да имаат прецизни и законски усогласени пресметки на плати.