Часовник и дрвени коцки со натпис „TAX“ - даночен календар ноември 2025 година
3. ноември, 2025

Даночен календар за месец ноември

Планирањето и навременото исполнување на даночните обврски е еден од клучните услови за успешно работење. Затоа подолу ви го претставуваме деталниот даночен календар за ноември 2025 година.

Погледнете ги и забележете ги важните датуми.

Какви обврски имаат даночните субјекти според даночниот календар за ноември?

До 10-ти во месецот

Работодавaчите се обврзани да поднесат Месечна пресметка за интегрирана наплата на бруто-плата односно придонеси од задолжително социјално осигурување и ДЛД од плати за изминатиот месец. Пријава се поднесува на образец “МПИН”.

До 15-ти во месецот

Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност имаат обврска да извршат плаќање на месечната аконтација за данокот на личен доход по основ на “ДЛД-ДБ“ преку реализација на ПП53 налогот од електронската пресметка “МДЛД” во системот е-УЈП.

Работодавачите имаат обврска да извршат плаќање по основ МПИН.

Даночните обврзници кои го плаќаат данокот пресметан како паушал имаат обврска за плаќање на месечната аконтација за данокот на личен доход од вршење самостојна дејност преку реализација на ПП53 налогот од Електронски пресметки (е-ППД) кои се прилог кон решенијата за утврдување на годишниот данок во системот е-УЈП.

Даночниот обврзник поднесува пријава и ги плаќа даночните обврски пропишани со даночниот календар ноември 2025.

До 15-ти во месецот, физичките и правните лица ги имаат следните обврски:

  • граѓаните кои имаат остварено приход имаат обврска да извршат плаќање на аконтацијата на данокот на личен доход за остварениот доход во земјата и странство во системот;
  • правните лица имаат обврска да извршат плаќање на месечната аконтација за данокот на добивка (МДБ).

До 25-ти Октомври

Правните лица и граѓаните кои вршат стопанска дејност, регистрирани за целите на ДДВ и се месечен даночен обврзник, треба да поднесат даночна пријава “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци. Исто така, треба да извршат плаќање по основ на поднесената даночна пријава.

Заклучок

Даночен календар за ноември 2025 година носи голем број обврски и рокови кои се важни за физичките и правните лица. Како што веќе сте навикнати, ние ви помагаме да ги следите и исполнувате. Unija ETL Smart Accounting е вашиот сигурен партнер со кој вашето работење е побезбедно и поефикасно!

Kонтактирајте ги нашите даночни советници и следете нè за повеќе актуелни вести.

📍 Адреса: 8ма Ударна бригада 39
📧 Email: info.sk@unija.com
📞 Телефон: +389 2 2450 199