Испратете ни барање
Bruto domašen proizvod, BDP (Gross Domestic Product, GDP)
24. декември, 2025

Раст на БДП од 3,8 проценти

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) во третиот квартал од 2025 година изнесува 3,8%.

Најголем раст е забележан во секторот Градежништво од 21% и Информации и комуникации со 7,4%, додека најголем удел во структурата на БДП имаат бруто инвестициите. Во третиот квартал од 2025 година, тие бележат зголемување на 31,1% од 26,1% колку што изнесуваа минатата година.

Крајната потрошувачка исто така номинално расте за 7,7%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 80,2%.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, бруто домашниот производ во третиот квартал од 2025 година изнесува 3,6% во споредба со третиот квартал од 2024 година.

Веста е преземена од: https://www.stat.mk/mk/

O autoru

Milan Aleksovski

Милан Алексовски е Head Tax Consultant во Unija ETL Consulting Македонија и експерт за директно и индиректно оданочување. Седум години работел како инспектор за големи даночни обврзници во Управата за јавни приходи, на предмети поврзани со ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и игри на среќа.
Како консултант, на клиенти од различни индустрии им обезбедува практични и стратешки решенија. Милан обезбедува поддршка при даночни контроли, судски постапки и законска усогласеност, врши due diligence анализи и советува во областа на меѓународното оданочување и трансферните цени.Како консултант, тој им обезбедува на клиентите од различни индустрии практични и стратешки решенија. Милан нуди поддршка при даночни контроли, постапки пред надлежни органи и прашања поврзани со даночна усогласеност, спроведува due diligence анализи и советува во областа на меѓународното оданочување и трансферните цени.