пресметка на плата
10. февруари, 2022

Пресметка на плата – Payroll

Во Република Северна Македонија, постојано има промени на законите во сметководството, кои мора постојано и редовно да се следат и да се известат клиентите за истите. Измената на законите го опфаќа целиот сметководствен систем, советувањето (консалтингот) , пресметката на ДДВ и пресметката на платата.

Во поглед на платите, работодавачот ги исплатува во согласност со колективен договор и овој закон, доколку со друг закон не е утврдено поинаку.

Последната измена е за “Недела – неработен ден”, а согласно тоа дојде до промена на делови и од “Законот за работни односи” како и од ”Законот за трговија”. Со новите измени се придонесе до поголема заштита на правата на работниците. Законското решение со кое недела е неработен ден, стапи на сила од 1 јануари годинава, а со неа се предвидени ригорозни казнени мерки за работодавачите кои нема да го почитуваат тоа.

Законот предвидува дека недела е ден за одмор за 92 отсто од работниците во земјава. Исклучок има за оние работни места каде не може да се прекине работниот процес, односно за околу 8 отсто од работниците. Оние кои работат во недела треба да земаат додаток на плата од најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа, доколку со закон или колективен договор не е утврден повисок износ.  Предвидено е да користат и слободен ден во наредните седум дена.

Пресметките за плати ги правиме според барањата на клиентите (доколку се во границите на законите) и согласно законите во РСМ. Секогаш се трудиме да сме во тек со сите случувања во и надвор од фирмата за да излеземе во пресрет на специфичните барања на клиентите, да ги советуваме и да им понудиме соодветни финансики и деловни решенија за проблемите со кои се соочуваат.


Ако се прашувате за нашиот тим, тој е составен од избрана група на професионалци кои со нивниот степен на експертиза, искуство и ажурност во работата, се секогаш на ниво на задачата. Свесни се за сите промени и применувајќи ги истите, на прво место ги ставаат потребите на нашите клиенти. Секој клиент има посебни и специфични барања за пресметка на плата. Наша обврска е да ги советуваме, делновно и финансиски, што е во домен на законот и секако да ги исполниме нивните барања.

Едно од нивните најважни барања е да ја третираме платата како деловна тајна. Ова е доста чувствителна тема, за која сите имаме една цел, а тоа е да ја зачуваме таа тајна. Секако дека нема да ја доведеме во прашање нашата професионалност и да ја разнишаме довербата на нашите клиенти, нашата примарна обврска и задача е тие да се задоволни од нашата работа.