21. јануари, 2022

Кои правила важат при оданочувањето  со данок на вкупен приход по годишна  сметка за 2021 година?

Во 2021 година, за разлика од 2020 година, се враќа во примена основното решение  од  Законот  за  данок  на  добивка  со  кое  прагот  за  ослободување од обврската  зa плаќање  на  годишен  данок  на  вкупен  приход изнесува  3.000.000  денари и  се овозможува на друштвата кои имаат приход од  3.000.001  до  6.000.000  денари  да  се  определат да бидaт обврзници  на  годишен  данок на вкупен приход.   

Потсетуваме  дека  во  изминатата  2020  година,  како  преодно  решение  во  услови  на  COVID 19,  со Законот за изменување и дополнување  на  Законот  за  данокот  на  добивка  (“Службен весник на РСМ”, број 290/20)  направени  беа  измени  во  однос  на  оданочувањето со данок на вкупен приход во фискалната  2020  година,  со  цел  да  им  се  помогне  на  малите и микро трговците во надминувањето  на  последиците  на  економската  криза  пре‐ дизвикана од пандемијата.   

Со овие измени на данокот на добивка за  фискалната  2020  година  беше  зголемен  прагот од 3.000.000 на 5.000.000 денари  како  износ  до  кој  друштвата  беа  ослободени  од обврската заплаќање  на  годишен  данок  на  вкупен  приход  и  беше  овозможено  на  друштвата  кои имаат приходи од 5.000.001 до 10.000.000 денари да се определат да бидат обврзници на годишен данок на вкупен  приход  (член  6  и  7  од  Законот  за  измена  и  дополнување на Законот за данок на добивка ‐ Службен весник 290/20). Сепак по годишната сметка за 2021 година  во  однос  на  оданочувањето  со  данок  на  вкупен  приход  се  враќа  старото  решение  кое се применуваше пред 2020‐та година.  

 ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОК НА ВКУПЕН ПРИХОД ВО 2021 ГОДИНА  

Согласно одредбите на член 31 до 36 од  Законот  за  данокот  на  добивка  (Службен  Весник  на  РСМ, бр. 112/14…151/21), трговските  друштва  класифицирани  како  микро  и мали трговци, како и правните лица резиденти  на  Република Македонија  кои  водат  сметководство и изготвуваат годишна сметка  согласно  Законот  за  трговските  друштва  и  кои  според  природата  и  обемот на дејноста ,се сметаат за трговци можат да се определат  да  пресметуваат  и  плаќаат  годишен  данок  на  вкупен  приход,  наместо  да  плаќаат данок на добивка.   

За да може правно лице, даночен обврзник да влезе во режимот на годишен данок  на  вкупен  приход  во  2021  година  треба  да  ги  исполнува  условите  кои  Ви  ги прикажуваме во продолжение: 

  1. Приходи до 3.000.000  денари  
  • Друштвото (мал и микро трговец) задолжително поднесува Образец ДБ-ВП до УЈП но нема обврска за плаќање на данок на  вкупен приход 
  1. Приход од 3.000.001 до  6.000.000 денари  
  • Друштвото има право на избор помеѓу данок на вкупен приход  и данок на добивка   

Напомена: Доколку друштвото избере да биде во режимот на  данок на вкупен приход треба да поднесе образец  ДБ‐ВП и да  плати данок на вкупен приход од 1% од вкупните приходи на  друштвото во 2021 година.

Напомена: Доколку друштвото избере да биде во режимот на  данок на добивка требада поднесе образец ДБ и да плати 10%  данок на добивка на утврдената даночна основа за 2021 година. 

  1. Приходи над 6.000.000  денари  
  • Задолжително друштвото е обврзник на данок на добивка и  поднесува образец ДБ за 2021 година