Испратете ни барање
5. јануари, 2022

Нов Образец „ДД-ДО”

Во Службен весник на РСМ, бр. 303 од 31.12.2021 година објавен е Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на пресметката на данок на добивка при престанување на условите за даночно ослободување со кој се менува Образецот „ДД-ДО”.
Овој Правилник влегува во сила на 01.01.2022 година. 

Образецот „ДД-ДО” првично беше пропишан со Правилникот за формата и содржината на пресметката на данок на добивка при престанување на условите за даночно ослободување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 217/19), кој влезе во сила од 22 Октомври 2019 година. 

Измената на образецот се состои во тоа што Полето “Даночен период” кое постоеше во стариот образец и беше крајно неприменливо е заменето во новиот образец со полето “Датум на престанување на условите за даночно ослободување”. 

За потсетување: даночните обврзници на данокот на добивка се должни да го поднесат наведениот образец „ДД-ДО”во следните околности: 

А.  При престанување на условите за даночно ослободување по основ на реинвестирана добивка и 

Б.  При престанување на условите за даночно ослободување по основ на донирани финансиски средства на спортски субјекти 

O autoru

Amel Selimović

Како виш WP развивач, тој гради стабилни дигитални екосистеми секој ден, но ја црпи својата вистинска енергија од природните. Без разлика дали оптимизира бази на податоци или планира нова планинарска рута, тој се води од истите принципи: визија, упорност и љубов кон креативното создавање.