Испратете ни барање
14. јануари, 2022

Известување на Министерството за економија за опфат на туристички места во Република С. Македонија за вршење на трговија на мало во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови

Министерството за економија во врска со последните измени на Законот за трговија, а во врска со опфатот на туристички места во Република С. Македонија за вршење на трговија на мало во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови го дава следното соопштение:

Согласно последната објава на Законот за измени и дополнување на Законот за трговија (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 295/21). трговијата на мало во недела, како и на државни празници и други празници може да се врши во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност.

Овие трговци може да работат во недела, како и на државни празници и други празници во период од осум часа што самите ќе го утврдат.

Согласно Законот за туристичка дејност “Туристичко место” претставува подрачје или дестинација, кое како организациона и функционална туристичка целина располага со природни, културни, историски и други знаменитости од значење за туризмот, комунална, сообраќајна и туристичка инфраструктура, како и објекти и други содржини за сместување и престој на туристите.

Туризмот е стопанска гранка која го опфаќа привременото патување на луѓето од едно до друго место заради задоволување на културни, рекреативни, здравствени и други потреби.

Развојот на туризмот зависи од повеќе природно – географски, антропогени и материјални фактори.
Природно – географските туристички мотиви ги опфаќаат: Релјефните одлики, климатските прилики, хидрографските услови, растителниот и животинскиот свет.

Антроподените фактори ги опфаќаат културно – историските споменици (археолошки наоѓалишта, сакрална архитектура, споменици), етносоцијалните (духовна и материјална култура) и манифестациските вредности (разни културно – просветни и забавни манифестации).

Bo Република Северна Македонија се присутни скоро сите услови како фактори за развој на туризмот. Како најзначајни туристички места се сметаат:

1. Езерски туристички места

Езерски туристички места во Република Северна Македонија се Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Тие имаат чиста и релативно топла вода, пријатна за капење. Покрај нив се изградени поголем број туристички објекти (хотели, мотели и ресторани). Охрид, Струга, Дојран и Преспа.

2. Планински туристички места

Планински туристички места во Република Северна Македонија има повеќе. Најпривлечни и најразвиени се: Попова Шапка на Шар Планина, Маврово на Бистра, Нижеполе и Копанки на Пелистер, Крушево на Бушева Планина и Пониква на Осоговските Планини.

Тие имаат услови за летен рекреативен, зимско-спортски и за ловен туризам. Во некои од нив се присутни карактеристични населби како што се: Галичник кој е познат по манифестацијата Галичка свадба, Крушево како највисок град на Балканот, со мошне пријатна клима, Маврово како комбиниран зимско-спортски и езерски центар.

3. Рурален и алтернативен туризам

Според „(WTO),, Светска туристичка организација, поимот „Рурален Туризам,, се користи тогаш кога руралната култура е клучна компонента на производот и понудата на дестинацијата. Како издвоени примери за развиен рурален туризам во Република Северна Македонија можат да се наведат: Берово, Брајчино и Вевчани.

4. Скопје како туристичка дестинација

Имајќи предвид дека Скопје е главна туристичка. дестинација согласно бројот на туристи во Република Северна Македонија како најатрактивни туристички места во Скопје може да се одвојат: Старата Скопска Чаршија, Скопскиот плоштад, Кањонот Матка, и Скопското Кале.

5. Стари чаршии како туристичка атракција

Имајќи предвид дека во Република Северна Македонија речиси во сите поголеми градови имаат чаршии кои се атрактивни како за домашни така и за странски туристи. Може да се одвојат за најзначајни и тоа: Старата Скопска Чаршија, Охридската, Струшката, Битолската и Прилепската Чаршија.

O autoru

Amel Selimović

Како виш WP развивач, тој гради стабилни дигитални екосистеми секој ден, но ја црпи својата вистинска енергија од природните. Без разлика дали оптимизира бази на податоци или планира нова планинарска рута, тој се води од истите принципи: визија, упорност и љубов кон креативното создавање.