Испратете ни барање
29. април, 2024

Потсетник на роковите за исполнување на законските обврски за месец Мај

Ве потсетуваме на позначајните датуми во Мај, кои треба да ги имате во предвид во однос на исполнување на законските обврски.

  • До 10. Мај- Се поднесуваат пресметки од физички лица кои остваруваат доход за кој данокот на личен доход не се плаќа по одбивка (закупнини, капитални добивки, доход од странство, друг доход кој е остварен во текот на месец Април)
  • До 10. Мај- Се поднесуваат МПИН за задолжителни социјални придонеси и данок на личен доход од плати (за месец Април)
  • До 15. Мај– Се плаќаат МПИН за задолжителни социјални придонеси и данок на личен доход од плати (за месец Април)
  • До 15. Мај– Се плаќаат одобрените пресметки кои се поднесуваат од физичките лица и се однесуваат на месец Април
  • До 15. Мај– Се плаќаат аконтациите за данок на добивка по МДБ (за месец Април)
  • До 25. Мај– Се поднесува даночна пријава за данок на додадена вредност за даночен период 01.04.2024 – 30.04.2024.
  • До 25. Мај– Се плаќа даночната обврска за данок на додадена вредност за даночен период 01.04.2024 – 30.04.2024
  • До 31 Мај – физичките лица кои оствариле доход кој подлежи на оданочување со данокот на доход(плата, регрес за годишен одмор, закуп за недвижен имот, дивиденди) се должни да ја потврдат точноста на податоците од пополнетата годишна даночна пријава или да ја корeгираат пријавата.

За подетални информации и консултации можете да не контактирате на нашиот е-маил: consultingmk@unija.com.

O autoru

Milan Aleksovski

Милан Алексовски е Head Tax Consultant во Unija ETL Consulting Македонија и експерт за директно и индиректно оданочување. Седум години работел како инспектор за големи даночни обврзници во Управата за јавни приходи, на предмети поврзани со ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и игри на среќа.
Како консултант, на клиенти од различни индустрии им обезбедува практични и стратешки решенија. Милан обезбедува поддршка при даночни контроли, судски постапки и законска усогласеност, врши due diligence анализи и советува во областа на меѓународното оданочување и трансферните цени.Како консултант, тој им обезбедува на клиентите од различни индустрии практични и стратешки решенија. Милан нуди поддршка при даночни контроли, постапки пред надлежни органи и прашања поврзани со даночна усогласеност, спроведува due diligence анализи и советува во областа на меѓународното оданочување и трансферните цени.