31. декември, 2021

ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА НОВОГОДИШНИТЕ ПАКЕТЧИЊА КОИ СЕ ДАВААТ НА ВРАБОТЕНИ

Давањето  на  новогодишни  подароци  на вработените (новогодишни  пакетчиња), бидејќи  е  индивидуализирано примање и познати се вработените кои ги добиваат пакетчињата, не  е  ослободено  од  оданочување од данок на личен доход, односно  истото  не е  наведено  во  член  12  од  Законот за данок на личен доход.

Ова примање  има  третман  на  друг  доход  согласно член 71 од Законот при што на овој вид на доход  применлива  е  пресметана  даночна стапка од 11,1111% од износот на фактурата на добавувачот на новогодишните пакетчиња,  а  плаќањето  на  данокот  се  врши  преку системот е‐ПДД со тоа што во вид на доход се избира Т11 Друг доход и подвид на доход S11.2.Друг доход. 

Од аспект на данокот на добивка трошоците за новогодишни пакетчиња не се признаваат како даночно  признат  расход  и  истите имаат третман на репрезентативен издаток  и  се  додаваат  во  Даночниот  биланс како  трошоци  за  репрезентација во висина од 90% од износот.

Од аспект на ДДВ за набавените новогодишни  пакетчиња,  даночниот  обврзник  нема  право  на  одбиток  на  претходниот  данок  сог‐ ласно член 35 став 1 точка 3 од Законот за ДДВ.

Имајќи во предвид дека давањето  на  новогодишни  пакетчиња  е  давање  на добра за кои нема исплата во пари, за да се изготви налогот ПП 53 потребно  е да се пополнат  сите  податоци  за  подносителот,  за  физичките  лица вработени  на  чии  деца  им  се  дава  новогодишно  пакетче  (ЕМБГ,  Име  и  Презиме, Општина, Држава во која е резидент  исплатувачот),  но  во  начин  на  исплататреба  да  се  избере Друг Начин  и  во  полето  Трансакциска сметка не треба се наведе бројот на сметката.