Uveden Zakon o platnim uslugama i platnim sistemima i izmjena i dopuna Zakona o sprječavanju pranja novca i finansiranja terorizma
21. февруари, 2023

Воведен е Законот за платежни услуги и платни системи и измени и дополнувања на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам

Од 01.01.2023 година започна примената на новиот Закон за платежни услуги и платни системи кој предвидува неколку одредби кои ги избравме да ги истакнеме и кои треба да се имаат во предвид во тековното работење. Исто така, подолу  во текстот Ви ги претставуваме и измените на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Закон за платежни услуги и платни системи

Согласно овој Закон:

  • Плаќањето на производи и услуги во готово од страна на правни лица не може поединечно да биде повеќе од 6.000 денари, и не може да надмине вкупен износ од 60.000 денари во текот на календарскиот месец.
  • Се воведува обврска за осигурување на благајничкиот максимум за износ над 20.000 денари
  • Се предвидуваат глоби за непочитување на обврската за осигурување на готовината што се чува во благајна и за ограниченото плаќање во готово.
  • Се одложува забраната за плаќање со пресметка за правни лица кои имаат блокирана платежна сметка до 01.01.2024 година.

Закон за спречување на перење пари и финансирање на теороризам

Согласно измените на овој Закон:

  • Забрането е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, доколку со друг закон не е поинаку уредено
  • За непочитување на горенаведената одредба предвидени се глоби зависно од големината на правното лице;
  • Се предвидува етапно намалување на прагот за плаќање во готовина, и тоа од 01.01.2024 година забраната ќе се однесува на готовински плаќања над 2.000 евра, а од 01.01.2025 година забраната ќе се однесува на готовински плаќања над 1.000 евра.