На фотографијата има биро со дневник на кој пишува БОНУС.
17. декември, 2021

Бонус за прекувремена работа

Согласно одредбите од член 117 од ЗРО, работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време (прекувремена работа) во случаите утврдени со одредбите на овој член:

  1. во случаи на исклучително зголемување на обемот на работата;
  2. ако е потребно продолжување на деловниот или производниот процес;
  3. ако е потребно да се отстрани оштетување на средствата за работа, што би предизвикало прекинување на работата;
  4. ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето и имотот, како и безбедноста на прометот и
  5. во други случаи определени со закон или колективен договор.

Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремената работа и часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот.

Работодавачот е должен за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.

Ако работодавачот воведува прекувремена работа подолго од ставот (2) на овој член е должен да изврши прераспоредување на работното време или воведување на нови смени.

Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени. Прекувремената работа во период од три месеци не може во просек да надминува повеќе од осум часа неделно.

Право на бонус за прекувремена работа:

  • стекнуваат само одредени работници кои работеле прекувремено;
  • висината на овој бонус е утврден со ЗРО (една просечна плата исплатена во РМ);
  • со ЗРО утврдени се и условите за стекнување на ова право (работникот да работел над 150 часови прекувремено и да не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден не сметајќи го отсуството поради годишен одмор).