Ве потсетуваме на позначајните датуми во Мај, кои треба да ги имате во предвид во однос на исполнување на законските обврски.
- До 10. Мај- Се поднесуваат пресметки од физички лица кои остваруваат доход за кој данокот на личен доход не се плаќа по одбивка (закупнини, капитални добивки, доход од странство, друг доход кој е остварен во текот на месец Април)
- До 10. Мај- Се поднесуваат МПИН за задолжителни социјални придонеси и данок на личен доход од плати (за месец Април)
- До 15. Мај– Се плаќаат МПИН за задолжителни социјални придонеси и данок на личен доход од плати (за месец Април)
- До 15. Мај– Се плаќаат одобрените пресметки кои се поднесуваат од физичките лица и се однесуваат на месец Април
- До 15. Мај– Се плаќаат аконтациите за данок на добивка по МДБ (за месец Април)
- До 25. Мај– Се поднесува даночна пријава за данок на додадена вредност за даночен период 01.04.2024 – 30.04.2024.
- До 25. Мај– Се плаќа даночната обврска за данок на додадена вредност за даночен период 01.04.2024 – 30.04.2024
- До 31 Мај – физичките лица кои оствариле доход кој подлежи на оданочување со данокот на доход(плата, регрес за годишен одмор, закуп за недвижен имот, дивиденди) се должни да ја потврдат точноста на податоците од пополнетата годишна даночна пријава или да ја корeгираат пријавата.
За подетални информации и консултации можете да не контактирате на нашиот е-маил: consultingmk@unija.com.