Испратете ни барање
26. ноември, 2021

Дали знаете кои се услови за доделување на финансиска поддршка за ново вработување?

За остварување на финансиска подршка од членот 14 од Законот за финансиска поддршка на инвестиции, деловниот субјект треба да ги исполни следните услови и тоа:  

1. да оствари раст на приходи од дејноста и на просечниот број на вработените во однос на остварениот приход и просечниот број на вработени согласно член 8 од овој закон; и  

2. најмалку 75% од нововработените лица во текот на годината, за која се бара финасиска поддршка треба да се лица кои исполнуваат најмалку еден од подолу наведените услови и тоа:  

најмалку 3 месеци пред вработувањето да немале засновано работен однос;  

– најмалку 12 месеци пред вработувањето да не биле вработени кај корисникот на финансиската поддршка или во поврзан деловен субјект;  

– прв пат засноваат работен однос;  

– последниот работен однос им престанал поради отварање на стечајна или ликвидациона постапка; или  

– непосредно пред вработувањето бил вработен во јавна или државната администрација. 

O autoru

Amel Selimović

Како виш WP развивач, тој гради стабилни дигитални екосистеми секој ден, но ја црпи својата вистинска енергија од природните. Без разлика дали оптимизира бази на податоци или планира нова планинарска рута, тој се води од истите принципи: визија, упорност и љубов кон креативното создавање.