Испратете ни барање
3. јануари, 2024

Даночен застапник за ДДВ на странски лица – задолжителна обврска од 01.01.2024 

Како што најавивме во претходните известувања (прочитајте тука), од 01.01.2024 година задолжително е назначување на даночен застапник за ДДВ на странски лица кои вршат промет или услуги на територија на Република Северна Македонија. 

Имено, поради регистрација за цели на ДДВ и назначување на даночен застапник, странското правно лице мора да се регистрира за целите на ДДВ со поднесување на Пријава за регистрација „образец УЈП-РДО„ , и со доставување на соодветни прилози во истиот:

  • договор за назначување на даночен застапник;
  • потврда за резидентност од земјата во која има седиште или подружница;
  • полномошно издадено од странското лице, преведено на македонски јазик;
  • копија од лична карта или тековна состојба од ЦРСМ за лицето назначено како даночен застапник на територија на РСМ;
  • доказ дека за назначениот даночен застапник не е започната стечајна или ликвидациона постапка ако е правно лице или
  • доказ дека назначениот даночен застапник не е правосилно осуден за кривично дело ако е физичко лице

Исто така треба да се поднесе и Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност на странско лице преку даночен застапник „образец ДДВ-01/СЛ-ДЗ”.

Обврските на даночниот застапник се следните:

  • Да го пресметува данокот на додадена вредност врз основа на добиените пресметки од странското лице;
  • Да поднесува Пријава за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-04) во име на странското лице од кое е назначен како даночен застапник по истек на секое тримесечје;
  • Да го плаќа данокот и пресметаната камата во случај кога странското лице не ја извршило уплатата во законски пропишаниот рок и
  • Да води евиденции за извршениот оданочив промет од страна на странското лице.

Во Службен весник на Република Северна Македонија број 286 од 29.12.2023 година можете да ги погледнете:

  • Правилникот за начинот на пријавување и регистрација на странско лице
  • Правилникот за начинот на водење на регистарот на даночни застапници
  • Формата и содржината на регистарот на даночни застапници
  • Формата и содржината на пријавата за регистрација за целите на данокот на додадена вредност, како и потребната документација за и назначување даночен застапник.

Истиот може да го најдете на web страната на УЈП, односно на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/435.

За подетални информации и консултации можете да не контактирате на нашиот е-маил: consultingmk@unija.com.

O autoru

Amel Selimović

Како виш WP развивач, тој гради стабилни дигитални екосистеми секој ден, но ја црпи својата вистинска енергија од природните. Без разлика дали оптимизира бази на податоци или планира нова планинарска рута, тој се води од истите принципи: визија, упорност и љубов кон креативното создавање.