Во период на изготвување на даночниот биланс, ве потсетуваме за можноста за намалување на даночната основа, на основа на пренос на акумулираните загуби во минати периоди на товар на остварената добивка во годината.
Имено согласно член 19 од законот за Данок на добивка „Доколку даночниот обврзник оствари загуба искажана во Билансот на успех, a истата e намалена за непризнаените расходи искажани во даночниот биланс може да ја пренесе на товар добивката во идните пресметковни периоди најмногу до три години сметано од годината во која е искажана загуба“.
Намалувањето во даночниот биланс се врши последователно почннувајќи од износот на најрано настанатите даночни загуби.
Исто така, за да се оствари ова право, даночниот обврзник треба да има одобрение од Управата за јавни приходи, добиено по негово писмено барање кое го поднесува најдоцна до 31 Март наредната година, по годината во која е искажана загувата.
Како резултат на мерките за време на Ковид-19 кризата, предвиден е исклучок од основното правило на член 19 од Законот за данок на добивка, односно, даночната загуба остварена во 2020 година и во 2021 година може да се пренесе на товар на остварената добивка во наредните пет години.
Напоменуваме дека правото на пренос на загубата на товар на остварената добивка не може да се користи во случај на измена на статусот на даночниот обврзник врз основа на спојување, припојување, поделба, сопственичка трансформација и слично.
За подетални анализи, пресметки и проверки контактирајте не на нашата e-mail адреса consultingmk@unija.com