22. јануари, 2024

Преостаната сегашна вредност на средства кои не можат да се користат

Како што напоменавме на почетокот на месецот, во Јануари (види тука) , се поднесуваат повеќе обрасци со цел да се остварат права на даночните обврзници.

Еден од нив е и Образецот ДД-БС кој се однесува на преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат да се користат. Целта на овој образец е да се добие согласност од Управата на даночните приходи, преостанатата сегашна вредност на средствата да биде отпишана и да се смета за признаен трошок за цели на оданочување.

Ова право на даночните обврзници им е дадено со член 9-а став 5 од Законот за данок на добивка.

Барањето се поднесува најкасно до 31 Јануари. На вака доставеното барање, Управата за јавни приходи е должна да ја издаде согласноста во рок од 30 дена.

Линк од образецот прикачен на страната на УЈП е следниот: http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/1226/DD-BS_08.01.2020_.pdf

За подетални информации и консултации можете да не контактирате на нашиот е-маил: consultingmk@unija.com.