Со самиот крај на годината ве потсетуваме на позначајните датуми во Јануари, кои треба да ги имате во предвид во однос на исполнување на законскитеобврски
- До 10. Јануари – Се поднесуваат пресметки од физички лица кои остваруваат доход за кој данокот на личен доход не се плаќа по одбивка (закупнини, капитални добивки, доход од странство, друг доход кој е остварен во текот на месец Декември)
- До 10. Јануари – Се поднесуваат МПИН за задолжителни социјални придонеси и данок на личен доход од плати (за месец Декември)
- До 15. Јануари – Се плаќаат МПИН за задолжителни социјални придонеси и данок на личен доход од плати (за месец Декември)
- До 15. Јануари – Се плаќаат аконтации на данокот на личен доход од самостојно вршење дејност (за Декември)
- До 15. Јануари – Се плаќаат одобрените пресметки кои се поднесуваат од физичките лица и се однесуваат на месец Декември
- До 15. Јануари – Се плаќаат аконтациите за данок на добивка по МДБ (за месец Декември)
- До 15. Јануари – Се поднесуваат пријави за доброволна регистрација за ДДВ (Образец ДДВ-01).
- До 15. Јануари – Се плаќа обврската за посебниот надоместок од 2% од остварениот приход во недела и државни празници во претходната година за трговците на мало кои имаат продавници на бензински станици, без приходите остварен од продажбата на моторни горива и за трговците на мало кои имаат продавници во трговски центри (молови).
- До 20. Јануари – Се поднесува барање за согласност од УЈП за користење на даночно ослободување по основ на набавени фискални системи и опрема за регистрирање на готовински плаќања
- До 25. Јануари – Се поднесува даночна пријава за данок на додадена вредност за даночен период 01.12.2023 – 31.12.2023 и за даночен период 01.10.2023-31.12.2023.
- До 25. Јануари – Се плаќа даночната обврска за данок на додадена вредност за даночен период 01.12.2023 – 31.12.2023 и за даночен период 01.10.2023-31.12.2023.
- До 31. Јануари – Се поднесува барање за согласност од УЈП да влезе како расход преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат повеќе да се користат, односно согласност да се амортизираат во целост.
За подетални информации и консултации можете да не контактирате на нашиот е-маил: consultingmk@unija.com.