Испратете ни барање
29. март, 2024

Потсетник на роковите за исполнување на законските обврски за месец Април

Ве потсетуваме на позначајните датуми во Април, кои треба да ги имате во предвид во однос на исполнување на законските обврски.

  • До 10. Април- Се поднесуваат пресметки од физички лица кои остваруваат доход за кој данокот на личен доход не се плаќа по одбивка (закупнини, капитални добивки, доход од странство, друг доход кој е остварен во текот на месец Март)
  • До 10. Април- Се поднесуваат МПИН за задолжителни социјални придонеси и данок на личен доход од плати (за месец Март)
  • До 15. Април– Се плаќаат МПИН за задолжителни социјални придонеси и данок на личен доход од плати (за месец Март)
  • До 15. Април– Се плаќаат аконтации на данокот на личен доход од самостојно вршење дејност (за Март)
  • До 15. Април– Се плаќаат одобрените пресметки кои се поднесуваат од физичките лица и се однесуваат на месец Март
  • До 15. Април– Се плаќаат аконтациите за данок на добивка по МДБ (за месец Март)
  • До 25. Април– Се поднесува даночна пријава за данок на додадена вредност за даночен период 01.03.2024 – 31.03.2024 и за даночен период 01.01.2024 -31.03.2024.
  • До 25. Април– Се плаќа даночната обврска за данок на додадена вредност за даночен период 01.03.2024 – 31.03.2024 и за даночен период 01.01.2024 – 31.03.2024.

За подетални информации и консултации можете да не контактирате на нашиот е-маил: consultingmk@unija.com.

O autoru

Amel Selimović

Како виш WP развивач, тој гради стабилни дигитални екосистеми секој ден, но ја црпи својата вистинска енергија од природните. Без разлика дали оптимизира бази на податоци или планира нова планинарска рута, тој се води од истите принципи: визија, упорност и љубов кон креативното создавање.