31. јануари, 2024

Потсетник на роковите за исполнување на законските обврски за месец Февруари

Ве потсетуваме на позначајните датуми во Февруари, кои треба да ги имате во предвид во однос на исполнување на законските обврски.

До 10ти Февруари

  • Се поднесуваат пресметки од физички лица кои остваруваат доход за кој данокот на личен доход не се плаќа по одбивка (закупнини, капитални добивки, доход од странство, друг доход кој е остварен во текот на месец Јануари)
  • Се поднесуваат МПИН за задолжителни социјални придонеси и данок на личен доход од плати (за месец Јануари)

До 15ти Февруари

  • Се плаќаат МПИН за задолжителни социјални придонеси и данок на личен доход од плати (за месец Јануари)
  • Се плаќаат аконтации на данокот на личен доход од самостојно вршење дејност (за Јануари)
  • Се плаќаат одобрените пресметки кои се поднесуваат од физичките лица и се однесуваат на месец Јануари
  • Се плаќаат аконтациите за данок на добивка по МДБ (за месец Јануари)

До 25ти Февруари

  • Се поднесува даночна пријава за данок на додадена вредност за даночен период 01.01.2024 – 31.01.2024.
  • Се плаќа даночната обврска за данок на додадена вредност за даночен период 01.01.2024 – 31.01.2024

До 28ти Февруари

  • Правните лица  резиденти на Република Северна Македонија поднесуваат Даночен биланс за утврдување на данокот на добивка (образец ДБ). Доколку годишната сметка до Централниот регистар е доставен во електронска форма тогаш рокот за доставување на даночниот биланс е 15. Март
  • Правните лица  резиденти на Република Северна Македонија поднесуваат кои се оданочуваат на основа на остварениот вкупен приход поднесуваат Даночен биланс на вкупен приход за утврдување на данокот на добивка (образец ДБ-ВП). Доколку годишната сметка до Централниот регистар е доставен во електронска форма тогаш рокот за доставување на даночниот биланс на вкупен приход е 15ти Март
  • Здруженија на граѓани и фондации како и нивните сојузи и други облици на здружување или поврзување, стопанската интересна заедница, политичките партии, верските заедници, религиозните групи, Црвениот крст на Република Северна Македонија, здруженија на странци, странски и меѓународни невладини организации, хуманитарни организации и здруженија, синдикатите, коморите и други правни лица основани со посебни прописи од кои произлегува дека се непрофитни организации  поднесуваат Даночен биланс на непрофитни организации за утврдување на данокот на добивка (образец ДБ-НП/ВП).

За подетални информации и консултации можете да не контактирате на нашиот е-маил: consultingmk@unija.com.