ЗАКОНСКИ ПРОМЕНИ СО ВАЖНОСТ ОД 2024-ТА ГОДИНА
25. декември, 2023

ЗАКОНСКИ ПРОМЕНИ СО ВАЖНОСТ ОД 2024-ТА ГОДИНА

Новата година ни носи и нови правила во однос на неколку области на деловното работење. Имено, во текот на 2023 година беа донесени измени на неколку Закони во однос на оданочувањето, како и во однос на уредувањето на платниот промет.

Издвоивме неколку клучни точки кои треба да ги имате во предвид со почетокот на 2024 година.

  1. Од 01.01.2024 година, плаќањето во готовина е ограничено на износ до 2.000 Евра во денарска противвредност.
  2. За плаќање во готовина, правното лице може да чува во благајна (трошковна благајна) средства во готово до износот на благајничкиот максимум кој го утврдува со одлука. Правите лица кои имаат благајнички максимум над 20.000 денари, се должни да ја осигураат благајната, најмалку до висината на благајничкиот максимум.
  3. Плаќањата на производи и услуги од страна на правни лица се ограничува на 6.000 денари поединечно и не може да надмине вкупен износ над 60.000 денари во тековниот месец.
  4. Правните лица со блокирана платежна сметка не можат да вршат плаќање со пресметки од 01.01.2024 година.
  5. Се воведува концепт на Даночен застапник за целите на ДДВ.

За подетални информации ви стоиме на располагање.

Посетете ја нашата веб страна: https://unija.com/mk/savjetovanje/ или

Контактирајте не на нашиот е-маил: consultingmk@unija.com