Ве потсетуваме на позначајните датуми во Март, кои треба да ги имате во предвид во однос на исполнување на законските обврски.
До 10ти Март:
- Се поднесуваат пресметки од физички лица кои остваруваат доход за кој данокот на личен доход не се плаќа по одбивка (закупнини, капитални добивки, доход од странство, друг доход кој е остварен во текот на месец Февруари)
- Се поднесуваат МПИН за задолжителни социјални придонеси и данок на личен доход од плати (за месец Февруари)
До 15ти Март:
- Се плаќаат МПИН за задолжителни социјални придонеси и данок на личен доход од плати (за месец Февруари)
- Се плаќаат аконтации на данокот на личен доход од самостојно вршење дејност (за Февруари)
- Се плаќаат одобрените пресметки кои се поднесуваат од физичките лица и се однесуваат на месец Февруари
- Се плаќаат аконтациите за данок на добивка по МДБ (за месец Февруари)
- Се поднесува образецот ДБ за правни лица/резиденти на Република Северна Македонија кои остваруваат добивка од вршење на дејност во земјата и странство или постојана деловна единица на нерезидент која остварува добивка од вршење на дејност на територија на Република Македонија и доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имаат поднесено во електронаска форма.
- Се понесува образецот ДБ-ВБ Доколку се исполнети условите за влез во „поедноставениот даночен режим за трговски друштва“ за оданочување со данок на вкупен приход односно е остварен вкупен приход во претходната година до 3 милиони денари на годишно ниво или пак од 3 000 001 до 6 000 000 денари на годишно ниво и компанијата се определила за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход, и доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате доставено во електронска форма
До 25ти Март:
- Се поднесува даночна пријава за данок на додадена вредност за даночен период 01.02.2024 – 29.02.2024.
- Се плаќа даночната обврска за данок на додадена вредност за даночен период 01.02.2024 – 29.02.2024
До 31ви Март:
До 31. Март – се поднесува образец ДД-01 доколку е остварена финансиска загуба во билансот на успех со цел да се оствари право на намалување на даночната основа во идните пресметковни периоди.
За подетални информации и консултации можете да не контактирате на нашиот е-маил: consultingmk@unija.com.