3. јануари, 2024

Даночен застапник за ДДВ на странски лица – задолжителна обврска од 01.01.2024 

Како што најавивме во претходните известувања (прочитајте тука), од 01.01.2024 година задолжително е назначување на даночен застапник за ДДВ на странски лица кои вршат промет или услуги на територија на Република Северна Македонија. 

Имено, поради регистрација за цели на ДДВ и назначување на даночен застапник, странското правно лице мора да се регистрира за целите на ДДВ со поднесување на Пријава за регистрација „образец УЈП-РДО„ , и со доставување на соодветни прилози во истиот:

  • договор за назначување на даночен застапник;
  • потврда за резидентност од земјата во која има седиште или подружница;
  • полномошно издадено од странското лице, преведено на македонски јазик;
  • копија од лична карта или тековна состојба од ЦРСМ за лицето назначено како даночен застапник на територија на РСМ;
  • доказ дека за назначениот даночен застапник не е започната стечајна или ликвидациона постапка ако е правно лице или
  • доказ дека назначениот даночен застапник не е правосилно осуден за кривично дело ако е физичко лице

Исто така треба да се поднесе и Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност на странско лице преку даночен застапник „образец ДДВ-01/СЛ-ДЗ”.

Обврските на даночниот застапник се следните:

  • Да го пресметува данокот на додадена вредност врз основа на добиените пресметки од странското лице;
  • Да поднесува Пријава за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-04) во име на странското лице од кое е назначен како даночен застапник по истек на секое тримесечје;
  • Да го плаќа данокот и пресметаната камата во случај кога странското лице не ја извршило уплатата во законски пропишаниот рок и
  • Да води евиденции за извршениот оданочив промет од страна на странското лице.

Во Службен весник на Република Северна Македонија број 286 од 29.12.2023 година можете да ги погледнете:

  • Правилникот за начинот на пријавување и регистрација на странско лице
  • Правилникот за начинот на водење на регистарот на даночни застапници
  • Формата и содржината на регистарот на даночни застапници
  • Формата и содржината на пријавата за регистрација за целите на данокот на додадена вредност, како и потребната документација за и назначување даночен застапник.

Истиот може да го најдете на web страната на УЈП, односно на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/435.

За подетални информации и консултации можете да не контактирате на нашиот е-маил: consultingmk@unija.com.