16. април, 2024

Годишна даночна пријава за данок од личен доход

На крајот од Април даночната управа е должна да ги достави годишните даночни пријави по основ на остварен личен доход.

Имено согласно Законот за данок на личен доход даночниот орган изготвува годишна даночна пријава за обврзникот која ги содржи податоците за остварениот доход, платените и аконтации во на данокот во текот на годината за која се утврдува данокот. Оваа годишна даночна пријава органот за јавни приходи ја доставува до обврзникот најдоцна до 30-ти април наредната година.

Обврзникот пак, е должен да ја потврди точноста на податоците од доставената пополнета даночна пријава или да ја коригира најдоцна до 31-ви мај.

Доколку обврзникот не ја потврди или коригира доставената пополнета годишна даночна пријава во горенаведениот рок, доставената пополнета годишна пријава се смета за потврдена.

Доколку пак, органот за јавни приходи не ја одобри корекцијата на годишната даночна пријава доставена до обврзникот, данокот на доход го утврдува органот за јавни приходи со решение.

Решението се донесува најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на коригираната годишна даночна пријава.

Обврзникот на данокот на доход е должен да ја плати утврдената обврска на данок на доходи најдоцна до 30-ти јуни во тековната година.

За подетални информации и консултации можете да не контактирате на нашиот е-маил: consultingmk@unija.com.