Меѓународни сметководствени услуги – Следниот чекор на сметководството
Меѓународните сметководствени услуги стануваат сè попопуларни како што се поголем број на бизниси се шират на глобалниот пазар. Има голема придобивка од преминувањето на границите и културите, бидејќи гарантира нови клиенти и нови начини на работа. Меѓународните сметководствени услуги им помагаат на овие бизниси да се справат со дневните потреби за финансиско известување, финансиско сметководство, платен список и многу повеќе.
Кои се придобивките од овие услуги и како вашиот бизнис може да ги најде најдобрите меѓународни сметководствени компании? Во продолжение ви прикажуваме детална анализа на најдобрите начини на кои можете да влезете на глобалниот пазар.
Придобивки од Меѓународните Сметководствени Услуги
Меѓународните сметководствени услуги нудат многу поволности за бизнисите кои ја прошируваат својата работа и сакаат да влезат на глобалниот пазар. Некои од нив се:
- Даночна оптимизација и известување
Ако една компанија сака да работи во друга земја, таа мора да се усогласи со даночните закони и прописи на таа земја. Ова обично вклучува пресметка на данокот кој се должи, поднесување на даночни пријави итн. Важно е да се следат правилата на секоја локација каде што работи вашата компанија. Меѓународните сметководствени компании ќе се грижат за правилната даночна оптимизација и известување.
- Конверзија на валута
Конверзијата на валута осигурува дека финансиските извештаи правилно ги прикажуваат финансиските перформанси на компанијата, без разлика на локацијата. Меѓународното сметководство ги претвора финансиските трансакции во заедничка валута (како еврото или американскиот долар) за да го поедностави известувањето и анализата.
- Финансиско известување
Финансиското известување е веројатно еден од најважните делови на меѓународното сметководство бидејќи на засегнатите страни им обезбедува детални извештаи за тековните финансиски перформанси на компанијата. Овој извештај треба да биде усогласен со сметководствените стандарди како што се International Financial Reporting Standards (IFRS) или Generally Accepted Accounting Principles (GAAP). Кој е подобар за вашиот бизнис? Оваа статија ќе ви го даде одговорот.
- Ревизорски услуги
Треба да се почитуваат сметководствените стандарди, а ревизорските служби ќе го обезбедат токму тоа. Со проверка на финансиските извештаи, ревизорите ќе ја проценат исправноста на финансиското известување. Ова ќе помогне да се откријат можните грешки во извештаите, овозможувајќи им на компаниите да ги поправат навреме.
- Меѓународно даночно планирање
Во различни јурисдикции, глобалните компании треба да имаат правилна даночна позиција. Меѓународното даночно планирање помага во разбирање на законите и правилата низ земјите за да може вашата компанија да работи безбедно и во согласност со законите. Ова е многу корисно и за управување со ризик.
Меѓу овие придобивки, има повеќе, како што се трансферни цени, заштеда на трошоци, управување со ризик и пристап до глобалните мрежи.
Меѓународни сметководствени стандарди
Одборот за меѓународни сметководствени стандарди издаде збир[MA1] ка на сметководствени насоки и принципи наречени Меѓународни сметководствени стандарди (или Меѓународни стандарди за финансиско известување). Овие стандарди се усвоени од 140 земји. Тука спаѓаат Европската унија, Австралија и Канада, како и многу пазари во развој. Некои од главните придобивки од овие стандарди се конзистентноста и транспарентноста.
Овие стандарди им помагаат на сите финансиски извештаи да ги следат истите стандарди и ист јазик. Ова им користи на инвеститорите ширум светот бидејќи можат да имаат точни информации за одредени компании.
IFRS вклучува различни теми, од кои некои се:
- Нематеријални средства (авторски права, трговски марки);
- Презентирање на финансиски извештаи;
- Проценка на залихите;
- Деловни комбинации;
- Придобивки за вработените;
- Закупи;
- Консолидација и заеднички аранжмани;
- Признавање на приходите и многу повеќе.
GAAP
Сличен сет на правила се нарекува Generally Accepted Accounting Principles (GAAP), кој исто така вклучува многу различни теми, вклучувајќи:
- Насоки специфични за индустријата
- Сметководствени принципи
- Сметководствени претпоставки
- Презентација на финансиските извештаи и многу повеќе.
Кои се разликите помеѓу GAAP и IFRS?
Откако ќе заклучите дека постојат две групи правила што можат да ги користат меѓународните сметководствени услуги, може да се запрашате кој е подобар за вашиот бизнис. Ајде да погледнеме некои од главните разлики помеѓу GAAP и IFRS:
GAAP | IFRS | |
Корисници | Се користи во САД | Се користи во над 140 земји, со исклучок на САД |
Основа | Врз основа на правила | Заснована на принципи |
Третман на залихи | FIFO (first-in, first-out) | Метод на пондерирана просечна цена на чинење; FIFO (first-in, first-out) |
Презентација на финансискиот извештај | Овозможува посебни извештаи за сеопфатна добивка | Потребна е изјава за сеопфатна добивка која ги вклучува сите добивки и загуби |
Некои индустрии може да претпочитаат еден сет пред другиот поради нивните регулативи.
Меѓународните сметководствени услуги во Unija
Најдобрата опција кога станува збор за компании кои нудат меѓународни сметководствени услуги се оние компании кои самите се меѓународни. Ова значи дека сметководствената компанија која веќе се занимава со многу различни регулативи во различни земји разбира колку се важни транспарентноста и коректноста.
Што обезбедуваме
Во Unija Smart Accounting развивме и имплементиравме напреден Unija Smart Accounting систем. Претставува нова генерација на сметководство што ги поврзува сите клучни услуги:
- советување,
- сметководство,
- и ИТ решенија.
Unija е меѓународна сметководствена компанија која нуди висококвалитетни услуги и решенија, како и задоволство и доверба. Нудиме консултантски, сметководствени и payroll услуги на компании на 14 пазари во Централна и Источна Европа со професионализам и отчетност. Ги покриваме сите даноци и правни прашања во целиот регион на CEE.
Нашиот тим ќе им помогне на клиентите да ги идентификуваат и анализираат потенцијалните проблеми и предизвици, како и да ги советува да преземат превентивни мерки за да се спречи нивното повторување. Исто така, напредната обработка на податоци ни овозможува на нашите клиенти веродостоен увид во приспособените извештаи. Овие извештаи им помагаат на нашите клиенти во процесите на донесување деловни одлуки.
Unija Smart Accounting ќе им обезбеди на меѓународните компании сметководствена поддршка (за нивните деловни единици без разлика дали се дома или во странство) заедно со унифициран систем за известување без оглед на даночната легислатива и сметководствените специфики на тие земји.
Овде може да ни пратите барање и нашите експерти ќе одговорат на сите прашања или грижи што може да ги имате за проширување на вашиот бизнис. Сите услуги споменати во овој напис ги нуди Unija и многу повеќе.
Меѓународните сметководствени услуги обезбедуваат експертиза за оптимизирање на даночните стратегии, навигација во глобалните финансиски сложености, обезбедување усогласеност и зајакнување на вашиот бизнис. Како што напредува технологијата, а ние сме поповрзани од кога било, сметководството исто така поминува низ промени. Транспарентноста и стандардизацијата се клучните фактори кои гарантираат доверливост.
Во Unija Smart Accounting нудиме се што и е потребно на вашата компанија за да влезе на регионалниот или глобалниот пазар.
Посетете ја нашата страница за да дознаете повеќе.