трансферни цени
10. март, 2022

Трансферни цени

Трансферните цени се цени кои се формираат во деловното работење помеѓу поврзаните страни.

Трансакциите со поврзани лица претставуваат важен сегмент во деловното работење на правните лица, особено во мултинационалните групи. Трансакциите за кои станува збор, сè повеќе стануваат во фокусот на Даночната управа, така што адекватните цени по кои се извршуваат се од клучно значење за да се минимизира ризикот од водење бизнис во рамките на групата.

Даночниот обврзник кој учествува во трансакција со поврзана страна, мора да ја одреди својата оданочива добивка во согласност со принципот „надвор од дофат“. Употребата на принципот „надвор од дофат“ се заснова на споредување на условите за контролирани трансакции, со условите за неконтролирани трансакции (неповрзани страни).

Вредноста на трансакциите помеѓу поврзаните страни не треба да отстапува од пазарната вредност, што се рефлектира преку трансакциите помеѓу независни страни. Доколку отстапува од пазарната вредност, станува збор за трансферна цена.


Најважниот чекор е да се избере метод за утврдување на усогласеноста на трансферните цени со цените, утврдени во согласност со принципот „дофат на рака“(arm’s length principle). Избраниот метод мора да одговара на околностите под кои се извршени поединечните трансакции.


Извештајот за трансферната цена се доставува до Даночната управа на нејзино барање, па се препорачува истиот да се подготвува за секоја финансиска година.