Правни совети

Ние сме свесни дека сите правни односи имаат свои финансиски импликации, затоа ќе ве советуваме кои се најдобрите практики од секоја област.

ЕКОНОМСКО – КОРПОРАТИВНО ПРАВО

Ние им даваме на компаниите и на поединците помош за прашања поврзани со статутот, подготовка на општи акти и договори за работа на компании и други правни организациски форми.

статусни прашања поврзани со работењето на компаниите, трговците поединци и другите правни организациони форми

преструктуирање (поделби, спојувања) на компании, трговци поединци и други правни организациски форми

подготовка на општи акти и договори за продажба на акции, ликвидација на компании

СЕРВИСИРАЊЕ И НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА

Многу клиенти се соочуваат со проблемот на брза и ефикасна наплата на побарувања, посебно на пазарот во Македонија. Со своето долгогодишно исксутво им овозможуваме на клиентите на најбрз и најефикасен начин да ги наплатат своите побарувања.

Проценка на можноста за наплата на побарувањата

Комуникација со должниците

Избирање на најефикасен начин за спроведување на постапката за наплата на побарувањата при што се земаат во предвид специфичностите на случајот

Водење на судски и извршни постапки

РАБОТНИ ОДНОСИ И ТРУДОВО ПРАВО

Помош во работните прашања, подготовка на договори и интерни акти и застапување на клиенти во сите видови спорови за трудово право.

преглед на законодавството и судската пракса во областа на трудовото право

подготовка на договори за работа и други форми на работа

изработка на интерни акти и прописи

извршување на постапки за вработување или постапки за отпуштање

комуникација со синдикатите

застапување во вонсудска постапка

застапување во случај на трудова инспекција