Историја, визија и мисија

Историја

Со цел постигнување на високи стандарди во услугите базирани на високи професионални способности, пред речиси една деценија започнавме да ги поврзуваме независните сметководствени сервиси во Словенија како и во други земји на поранешна Југославија.
Во 2004,со спојување на 3 сметководствени сервиси, ние го направивме првиот чекор во решавањето на ја недостатокот на професионално искуство и ги соединивме компаниите под еден покрив со име Унија. Со заеднички напоризапочнавме да креираме визија за Унија која ќе испорачува високо квалитетни услуги на нашите клиенти, со организација на работата на начин кој ќе им помага на нашите колеги да да се развијат професионално, и што ќе осигура за компанијата долгорочен успех и репутација во општеството.

Визија и мисија

Визија

Каде сме во 2022:

Најголемата и најраспространета мрежа на деловни единици која ја покрива територијата на поранешна Југославија.

Имаме развиена најнапредна технологија, која им дава на нашите клиенти значителна предност. И на нас, исто така.

Ние им гарантираме на нашите вработени работна околина и бизнис култура со која се гордеат. И ние со нив исто така.

Промовираме промени на подобро. Со дела, по пат на пример, со страст. Во околината во која живееме и работиме, во општеството, во светот.

Мисија
Да обезбедиме квалитетни услуги кои придонесуваат за успешно работење, раст и развој на нашите партнери.
Да ги поттикнеме вработените да стекнат нови знаења, да понудиме оптимални работни услови за создавање на добра работна атмосфера и да овозможиме квалитетно живеење за сите вработени.
Да обезбедиме добра репутација и долгорочен успех на компанијата.

Проверете како
унија може да
ви помогне!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ